„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев вечер во НОБ

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

Приказната за „Пепелашка“ е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, а сценограф е Филип Коруновски. Дизајн на звук е на Георг Драушник од Хрватска, дизајн на светло на Милчо Александров, асистент-кореографи се Саша Евтимова и Мојца Мајцен од Словенија, репетитори се Саша Евтимова и Дафина Данилоска-Кочевска. Асистент-костимограф е Ангела Богеска.

Приказната за „Пепелашка“ на нашата сцена ќе ја пренесат Наташа Трендафилова Гицев (Христина Наќевска), Игор Веланоски, Саша Евтимова, Ангела Богатинова, Ендру Кук (Англија) , Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Александар Илиќ, кореографот на балетот „Пепелашка“ вели дека оваа поставка на „Пепелашка“ не е класична верзија, туку е создадена во еден посовремен контекст.

-Нашата „Пепелашка“ ја сместивме во една потполно поинаква временска рамка, во 70-тите години на минатиот век. Поточно, во време на популарноста на филмот „Брилијантин“, со најпознатата улога на Џон Траволта, и со самото тоа се поигравме со нашата „Пепелашка“ во тоа време“, се вели во соопштението на НОБ.

Без вода дел од Маџари

Без вода денеска од 11:10 часот се дел од корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ во населба Маџари.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради замена на затворач во шахта на ул.„Благоја Стефковски“бб (кај Спорт Лајф) во населба Маџари.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Мицотакис: Меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно

Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби во овој чувствителен агол на Европа. 

Време е познатата фраза на Винстон Черчил дека „Балканот произведува повеќе историја отколку што може да консумира“ еднаш засекогаш да ја оставиме во историските книги, порача грчкиот премиер Кирјакос Мициотакис во неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, осврнувајќи се на иднината на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја повтори грчката поддршка за европската перспектива, но и посочи дека Договорот од Преспа, Дејтонскиот договор и Договорот Белград – Приштина мора да се почитуваат и имплементираат.

Рече дека Грција, како најстара земја-членка на ЕУ во регионот, отсекогаш имала визија за Западен Балкан да биде дел од европското семејство, „визија која ќе ги намали тензиите и конфликтите и ќе ги вгради владеењето на правото и основните слободи, поттикнувајќи развој и просперитет за народите“.

Посочи дека „имаше напредок, но не беше доволен“, а 21 година по Солунската агенда „остануваат значајните предизвици“.

-Дозволете ми да бидам многу искрен: земјите од Западен Балкан треба да донесат дефинитивна одлука да го остават зад себе трауматичното наследство од минатото. И политичкото раководство на Западен Балкан треба, со дела, да избере да ја прифати својата европска иднина. Преку подобрување на демократското владеење, консолидирање на владеењето на правото и слободата на изразување, спроведување на тешки внатрешни реформи и многу важно посветеност на добрососедските односи. Заживувањето на националистичките наративи и агенди не треба денес да има место во регионот што е на прагот за членство во ЕУ. Да почнеме со основите работи: меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно и со добра волја, без разлика дали зборуваме за Дејтон, или за Преспа или за договорите Белград-Приштина, порача Мицотакис.

Се омажи Лана Дел Реј

 Само еден месец откако јавноста дозна дека е во врска со 56-годишниот Џереми Дуфрен, пејачката Лана Дел Реј стапи в брак со него.

Според западните медиуми, двојката си ги разменила заветите во заливите во Лујзијана, каде што Дуфрен ги води своите популарни мочуришни тури со пловила.

На снимките што ги објави „Дејли мејл“, Лана оди кон олтарот во раскошна венчаница, со букет в рака и коса врзана во кадраво опавче украсено со машна. Дуфрен е во црн костум. Свадбата и дочекот на гости се одржаа на јавно пристаниште, со маси под бел шатор. Сестрата на Лана, Керолин Грант и брат ѝ Чарли Хил-Грант, исто така, беа на венчавката.

На Лана ова ѝ е прв брак, а на Дуфрен втор. Тој е татко на две деца, а работи како капетан и водич во „Ербоут турс“ (Airboat Tours) - агенција што овозможува пловење со чамци низ мочуриштата на Луизијана, коишто патем, се природно живеалиште на алигатори, чапји, јастреби и други животни.

Како што се наведува, Џереми е голем обожавател на алигатори. Лана и Џереми се запознале во 2019 година кога таа била посетителка на една од тие обиколки на мочуриштата.

притисни ентер