„Ореше“ по четврти пат пред велешкиот суд?

По четврти пат ќе има судење за убиството на Лазо Милошевски од Ореше.

Апелациониот суд од Скопје ја укинал ослободителната пресуда за браќата Ордан и Љупчо Георгиевски и Ѓоре Петровски и случајот го враќа во првостепена постапка.
Одлуката на Апелација се уште не е стасана во велешкиот суд, изјави за Канал 5 претседателот на судот Јордан Лазаров, каде го очекуваат предметот. Судските процеси за овој случај траат пет години. Но и натаму не се откриени убијците на старецот од Ореше. Беа донесени три пресуди. Со првите две браќата Георгиевски беа осудени на 12 години затвор за убиство на Милошевски, а Ѓоре Петровски гастарбајтер од Америка беше осуден дека го нарачал убиството.

Последната пресуда донесена во март годинава, ги ослободи од вина обвинетите. Обвинителството ја обжали пресудата и денеска Апелација повторно го врати предметот во судот во Велес. Судскиот процес го водеа судии и обвинителот кои сега се во затвор. Сите тие беа уапсени во случајот Ликвидација, за злоупотреба на службената положба, поткуп и фалсификување на документи.

И новинарот Кежаровски доби 4 и пол години затвор за издавање на идентитетот на заштитениот сведок во Ореше. Тој вчера го напушти истражниот затвор во Шутка и до правосилноста на пресудата ќе биде во домашен притвор. За Здружението на новинарите ваквата одлука на судот претставува чекор кон подобрување на судската пракса и очекува дека ќе му дозволи на Кежаровски да се брани од слобода.

- Веруваме дека Кежаровски е невин и очекуваме Апелацискиот суд во Скопје да ја укине првостепената одлука и да го прогласи за невин. Кежаровски со објавените текстови не се огрешил пред законот, туку открил злоупотреба на институтот заштитен сведок, стои во рекацијата од ЗНМ

Пресудата за случајот Ликвидација беше донесена на 21 Октомври, но се уште не е јавно објавена.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер