„Одлучен удар“: Медицинска помош на локалното население

Во текот на денешниот ден медицински тимови од составот на воено медицинскиот центар и од армијата на САД, беа во обиколка на радовишките планински села, Супурге  и Прналија.

Медицинските тимови од составот на воено медицинскиот центар и од армијата на САД, кои се вклучени како медицинска поддршка на вежбата „Одлучен удар“, го искористија времето за премин во втората фаза на вежбата за обиколка на радовишките планински села, Супурге и Прналија.

Притоа на повозрасните жители на овие села им овозможија да извршат проверка на крвниот притисок, како и други основни медицински прегледи. Исто така по претходно спроведена акција на донација од учесниците на вежбата се подели и хуманитарна помош во облека и обувки.

Оваа активност е дел од цивилно воената соработка за време на вежбата, каде во осум градови на Република Северна Македонија, припадниците на двете најголеми армии кои учествуваат во „Одлучен удар“ заинтересираните граѓани ги запознаваат со карактеристиките на дел од моторните возила, оружјето и опремата која се употребува на вежбата, но и воедно да имаат спортски натпревари со екипи од локалните самоуправи .

До завршеток на вежбата покрај веќе реализираните отворени денови за граѓаните на Гевгелија, Свети Николе и Кавадарци, вакви поставки ќе се реализираат во Радовиш и Струмица на 26ти јуни, Битола на 29ти, Гостивар на 1ви јули и Скопје на 5ти јули.

Вежбата „Одлучен удар“ која е досега најголема вежба организирана од нашата армија и на која учествуваат 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора ќе трае до 08.07.2019 година, соопшти ГШ на АРМ .

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер