„Одисеј е жив и функционален“- први информации за американското летало (ВИДЕО)

„Одисеј е жив и функционален“, објави Intuitive Machines на Твитер.

Вселенското летало именувано по кралот на Итака успешно слета на Месечината 23 минути по полноќ, но се уште се чекаат деталите за потфатот кој ќе остане во историјата од најмалку две причини - ова беше прв пат приватна сонда да слета на лунарната површина, а нејзиниот триумф го претставува враќањето на САД по 52 години.

Со овој успех Америка го спаси образот кога се во прашање лунарните експедиции, во кои во 21 век досега Кина, Индија и Јапонија ја претекнаа, но и се врати посилна во новата вселенска трка. Дополнително, слетувањето на сонда на Месечината е само првиот чекор кон нови човечки експедиции, планирани за 2026 година.

- Прв ден на површината на Месечината, најнови информации. Одисеј е жив и здрав. Контролорите на летот комуницираат со него и му наредуваат на леталото да преземе научни податоци. Сондата има добра телеметрија и соларно полнење. Продолжуваме да дознаваме повеќе за конкретни информации како географска широчина и надморска височина, општата состојба и ориентација - е наведено во твитот Intuitive Machine, каде беше најавена и прес-конференција со агенцијата НАСА.

Ова е прва информација за американското летало откако е потврдено слетувањето, но сè уште не се објавени фотографии од Одисеј на површината на Месечината.

- Америка се врати на Месечината, за прв пат по половина век. На осмиот ден од нивното патување од четвртина милион милји, Intuitive Machines успешно направија историско слетување. Тоа е голем успех за Intuitive Machines, SpaceX и NASA. Каков триумф е ова за човештвото. „Одисеј ја стигна Месечината“, изјави Бил Нелсон, администратор на НАСА, веднаш штом беше потврдено дека леталото успешно слетало.

По дебаклот со вселенското летало „Перегрин“ пред околу еден месец и децении без обид за лунарна мисија, Америка го загуби водството во истражувањето на Месечината, а ја презеде Кина. Иако СССР (чиј наследник е Русија) и САД ја освоија површината на Месечината во 20 век, тие заостанаа зад Кина, Индија и Јапонија во 21 век.

– За прв пат од 1972 година НАСА слета вселенско летало на површината на Месечината. Но, агенцијата тоа не го направи сама, туку во партнерство со приватни компании. Благодарение на новите технологии и ова јавно-приватно партнерство, научните проекти на Месечината и идните мисии ќе отворат нов свет на научни можности. Како дел од проектите започнати оваа година, тимови од научници, вклучувајќи ме и мене, ќе можат да вршат радиоастрономски истражувања од јужниот пол и од далечната страна на Месечината. Има многу потенцијал во овие мисии - изјави за The Conversation Џек Барнс, професор по астрофизика и планетарни науки на Универзитетот во Колорадо во Болдер.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер