Нема притвори за приведените во акцијата поврзана со пукањето во „Александар Палас“

Нема притвор за Арачиновецот кој беше меѓу дванаесетмината приведени во големата полициска акција од викендов, за оружје пронајдено кај него. 

Тој беше единствениот за кој ЈО бараше притвор, но Судија на претходна постапка на лицето му определил само мерки на претпазливост, информираат од ОЈО и најавија дека ќе се жалат на ваквото решение. Од Кривичниот суд за Канал 5 велат дека се работи за неправосилно решение, судијата ги ценел фактите и аргументите на странката, обвинителот и одбраната и одредил мерки за претпазливост, а странките може да се жалат на одлуката. За останатите осомничени се уште трае истрагата, соопштија од Обвинителство.

- Во однос на другите лица лишени од слобода при извршените претреси, од МВР до Основното јавно обвинителство Скопје не беа поднесени кривични пријави, туку беше поднесено едно известување за одземени предмети и за обезбедени траги од лице место, за кои дежурен јавен обвинител веднаш истиот ден, согласно Законот за кривична постапка, издаде наредби за вештачење до МВР. Обвинителството, како орган на прогон, по евентуално дополнително поднесени кривични пријави, поткрепени со докази обезбедени на законит начин, ќе постапи согласно своите законски надлежности.

Од МВР велат дека се во постојана координација со ЈО и дека извршено е вештачење на дел од одземените предмети, а за останатите е во тек, по што ќе се знае дали ќе има кривични пријави за осомничените. Додаваат дека одлуките го носи обвинителството и дека тие ќе постапат според она што ќе биде побарано од нив.

Според експертот за безбедност Љубомир Ѓурчевски нема добра координација меѓу МВР и Обвинителството, затоа бавно и неефикасно оди истрагата и институциите си ја префрлаат топката едни на други.

Акцијата на МВР од викендов следуваше по пукањето во Александар Палас минатата недела во кое биле инволвирани дел од приведените. Тие се товарат за предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста на службено лице и трговија со дрога и оружје.

Православните верници ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението... Вечерва во сите православни храмови во земјава ќе се објави христовото Воскресение... 

Велика сабота, ден на кој според Христијанското учење се спојува тагата за Исусовото распнување и радоста која ќе следи за Неговото воскресение. Денеска православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Тие уште наутро ги посетуваат храмовите каде со желби за здравје, среќа и мир ја слушаат литургијата и се причестуваат.

Здравје прво за сите па за другото не сме многу за жалење.

Најубав ден што може да постои, среќа и само убави работи да се случуваат, мир.

Радост среќа, здравје се за мене значи. Секоја година откако знам за себе јајца фарбам, во црква одам

Тие се за мене сите најубави празници, 00:57 Се нека даде Господ убаво, здравје Велигден да биде за секого.

Велика сабота е втор ден на тага, жалост и молк за Христијаните. Отец Антонио Апостолски објаснува дека Велика сабота е ден на покојот и на исчекувањето, време кога верниците се одаваат на пост и молитва, чекајќи го Христовото воскресение- Велигден, кој според Христијанските преданија е триумф на животот над смртта и доброто над злото.

„Целиот ден се одаваме на некој начин на молитви, на пост, доаѓаме во црквата, одаваме чест на настаните кои што се случиле и всушност се трудиме да бидеме во една духовна молитвена атмосфера која што после тоа ќе се претвори во радост затоа што ќе го дочекаме за неколку часа Христовото воскресение.“

Христовото воскресение – Велигден верниците вечерва го дочекуваат во црквите. Секој од нив со себе носи црвено велигденско јајце. Пред полноќ сите присутни три пати ја обиколуваат црквата, а точно на полноќ си подаваат рака со поздравот „Христос воскресе“, „Навистина воскресе“. Потоа верниците традиционално се кршат со вапсаните велигденски јајца со што завршува 7 неделниот пост.

НАТО ги започна досега најголемите воени вежби, реагира Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија.

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.

„НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.

„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.

„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.

Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото како американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.

Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.

Светна Благотаниот оган во храмот на Христосовото Воскресение во Ерусалим

Во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим, се појави чудотворниот благодатен оган.

Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети излезе од Едикулата и почна да им го дели на народот пламенот, кој, како што се верува, настанал со чудо, по молитва.

Овој храм е едно од најважните христијански светилишта и во него, во пресрет на Велигден, се појавува Благодатниот оган.

Според традицијата, црквата била изградена токму на местото на распнувањето, погребот и воскресението на Исус Христос.

За слегувањето на благодатниот оган зборувал и апостол Петар.

Обредот на наметнување оган се врши откако претходно се провери дека никој не донел запалувачки агенс во храмот. Потоа следи призивот на Светиот Дух.

Ерусалимскиот патријарх прв го прими огнот на својата свеќа и им го предаде на останатите. Огнот при допир наводно не предизвикува изгореници, ниту пак се чувствува жешко.

притисни ентер