„Музика универзалис“ со Дерик Меј и Македонската филхармонија во Охрид

На 2 август во Античкиот театар во Охрид ќе биде изведен музичко-сценски настан „Музика универзалис“, на кој диџејот Дерик Меј, еден од пионерите на детроитската техно-сцена, ќе настапи заедно со Македонската филхармонија.

Концертот ќе биде спој на електронска и класична музика на симфонискиот оркестар, проследена со светлосни ефекти, видео и аудио поддршка и специфични костими.

Организатор е продуцентската куќа „Излет мјузик“, а идеен творец нејзиниот сопственик и продуцент Огнен Узуновски. Покровител на настанот е Министерството за култура. За оркестарските аранжмани на музиката на Меј е задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан, а за визуелното обликување на концертот - режисерот Игор Иванов.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција денеска истакна дека се работи за ексклузивен настан, замислен како музичко движење кое создава нови енергии и кој на македонската публика ќе и го доближи оригиналниот стилски израз на продуцентот и композитор на електронска музика Дерик Меј.

- Тој е еден од најзначајните претставници на т.н. детроитски звук, кого многумина го нарекуваат Мајлс Дејвис на електронската музика. Веќе ги има освоено сите познати европски и светски сцени и фестивали, а радува податокот што тој редовно гостува и во Република Македонија, рече министерката за култура.

Дерик Меј првпат дошол во Македонија во 2000 година и од тогаш ја има посетено неколку пати. Рече дека низ годините гледа дека има развој и промена на голем број аспекти на културното живеење во земјава.

- Мислам дека настанот во Античкиот театар ќе доживее голема културна резонанца која ќе се протега и надвор од границите на Македонија. Се заблагодарувам за ова и порачувам да се забавуваме. Настанот е почетна идеја на Огнен, кој сакаше да направи нешто што ќе се истакне на овие простори, нешто што ќе ги постави новите граници од културен аспект. Добрата работа беше што ме спои со Емин Џијан и со прекрасни луѓе кои трудољубиво работат за да може да ја претстават државата на што е можно повисоко ниво, рече Меј.

Музичарот Емин Џијан посочи дека ќе се користат сите можности и моќноста на симфонискиот оркестар, а акцент ќе има перкусовноста на оркестарот. Директорката на Филхармонијата Маја Чанаќевиќ додаде дека со овој настан ги отвораат вратите за комбинирање на богатиот симфониски звук со други, различни жанрови. Режисерот Игор Иванов рече дека преку визуелно обликување и ефекти ќе се поддржи звукот и целиот настан ќе се документира на ДВД.

Перформансот „Музика универзалис“ ќе биде издаден и на ЦД и ДВД, заедно со краток документарец за археолошките локалитети во Македонија. Концертот ќе биде дел од содржините со кои Македонската филхармонија одбележува 70 години постоње. Филхармонијата ќе го прослави јубилејот и со концерт за отворање на 54. „Охридско лето“./МИА.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер