„Mini“ го претстави на светот својот електричен автомобил

„BMW“ групацијата го претстави својот главен адут на пазарот на електрични автомобили, моделот „MINI Cooper SE“

Овој автомобил е базирам на стандардната шасија на моделите „Cooper“ со три врати. Разликата е во електромоторот кој поседува 184 коњски сили и може да направи забрзување од 0-60 км/ч за само 3.9 секунди. Батеријата на овој автомобил ќе може да се наполни до 80% за само 35 минути. Со полна батерија, овој автомобил ќе има автономија од 235 до 270 километри, во зависност од начинот на возење.

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

Силјановска – Давкова: Пендаровски не дојде на дебата на МТВ, ќе дебатирам со празно столче

Кандидатот за претседател на државата гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х објави дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот стево пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

притисни ентер