Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ, побараа Бугарија, Грција, Романија и Хрватска

 Категорична поддршка на членството на Македонија и на Албанија во ЕУ искажале шефовите на дипломатиите на Бугарија Екатерина Захариева, на Грција Никос Дендиас, на Романија Рамона Манеску и на Хрватска Гордан Грлиќ – Радман.

На средбата одржана во Њујорк во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации.

Како што соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, првите дипломатии на овие четири балкански земји членки на ЕУ на средбата направиле преглед на европската интеграција на соседните држави кандидати за членство во Унијата.

– Убедени сме дека ќе бидеме посигурни, попросперитетни и побогати, само ако сите наши соседи станат членки на ЕУ, рекла на состанокот шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Таа посочила дека како што Грција своевремено им помагала на Бугарија, Романија и Хрватска во процесот на евроинтеграција, сега е време тие заедно да ги поддржат и другите држави во регионот да станат дел од ЕУ.

– Бугарија потпиша Договор за пријателство со Република Македонија и тој треба да се спроведе. Албанија, пак, треба да го подобри законодавството и да го усогласи со европското. Бугарија го поддржува започнувањето на преговори за членство и со двете држави, истакнала Захариева.

Грчкиот министер за надворешни работи Дендиас нагласил дека Грција излегува од десетгодишната криза за време на која беше ориентирана кон себе, но сега повторно ќе се ангажира на надворешен план на Балканот и со европските теми.

– Ги поддржуваме Албанија и Македонија за членство во ЕУ, изјавил Дендиас.

Шефот на романската дипломатија Манеску се заложила Бугарија, Грција, Романија и Хрватска да продолжат да ги координираат активностите околу политиката на проширување на ЕУ.

– Треба да ги поддржиме нашите соседи и да го продолжиме ангажманот со кој Бугарија го водеше тој процес за време на своето претседавање со ЕУ. Раздвојувањето на Албанија и Македонија ќе биде голема грешка и сметам дека е дојдено време двете земји да добијат позитивен сигнал, рекла Манеску.

И хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ – Радман го поддржал започнувањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана, а се заложил и за натамошен развој на добрососедските односи во регионот.

Лазаровите каланди одекнаа во Скопје

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар.

За првпат во главниот град на Републиката, а по пример на минатогодишниот празничен настан во Кичево кој беше организиран од хорот „Митрополит Козма Пречистантски", и оваа година во градот Скопје се одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота).

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар, како и во Diamond Mall, каде имаа музички настап со кој беа восхитени сите присутни.

Поворката беше поддржана од сите случајни минувачи кои со нескриена радост и воодушевување и се приклучуваа.

Пеењето на најрадосните каланди, кое се случи не само во Скопје, туку и во Кичево и Реканскиот крај, најсоодветно и во православен дух го најави Празникот над Празниците - Воскресението Христово.

Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

притисни ентер