„Лажговци" – премиера на Прилепскиот театар за 70-годишниот јубилеј

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински" вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Лажговци" од Антони Нелсон во режија на Коле Ангеловски, со што почнува одбележувањето на 70-годишнината од неговото постоење и воедно Неделата на театарот.

Според Ангеловски, „Лажговци" е поинаква од досегашните комедии што ги работел во театарот и е негова 36-та претстава со ансамблот.

– Оваа е друг тип комедија, црна комедија. Дејството на приказната се случува ден пред Нова година. Двајца полицајци од Нова година заминуваат во пензија, треба да дојдат кај стара брачна двојка и да ѝ соопштат многу лоша вест – нивната ќерка загинала во сообраќајна несреќа кога доаѓала кај нив. Но, кој од нив да ѕвони, да ја соопшти трагичната вест. Оттука почнува приказната. Ситуациите и хуморот (црниот хумор) се темелат на недоразбирање во трагична ситуација и се преплетуваат лаги, измислици, недоразбирања. Ова е почудна комедија, досега, рече Ангеловски.

Претставата ја води најстарата генерација актери во театарот, некако симболично за големиот јубилеј на театарот – 70 години постоење. Сметаат дека е неповторливо искуството од работата со Ангеловски.

-Посебно е задоволството да се работи со Ангеловски кој е наш „цар за комедиите". Се надевам дека и оваа претстава ќе ја гледа многу публика, зашто претставата „Од кол на кол" има 115 изведби и 11 години е на репертоарот, рече актерката Виолета Чакарова.

– Јас сум од помладата генерација актери, но, би рекла, почнав со претставите на Коле Ангеловски. Посебно е чувството кога се изгра со повозрасните генерации актери во театарот, истакна актерката Јасмина Мицовска-Станкоска.

Според раководителот на театарот Стојан Дамчески, заемен е договорот со режисерот токму претставата „Лажговци" да биде за одбележувањето на јубилејот.

-Иако претставата првично требаше да биде во декември, според сплетот на околностите, а и со заеднички договор, решивме да биде почеток на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј. Освен тоа, ова е 36-та премиера на Ангеловкси кој со години соработува успешно со Прилепскиот театар, рече Дамчески.

Режијата, преводот на текстот и адаптацијата се на Коле Ангеловски, сценографијата и костимите на Илина Ангеловска, а музиката е на Томе Темелкоски. Во претставата играат: Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Јасмина Мицовска-Станкоска.

Вечер во фоајето од театарот „Војдан Чернодрински" пред премиерата ќе биде отворена изложба на фотографии од наградени претстави и актери, плакати од успешни меѓународни гостувања, а изложени се бројните статуетки, плакети, награди што ги добил театарот низ годините.

Со премиерата на „Лажговци" почнува одбележувањето на јубилејот на театарот, а и Неделата на театарот. Секојдневно до недела, 17 февруари, ќе се прикажува по една претстава./МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер