Курто Дудуш призна вина, доби судска опомена за нанесување телесна повреда

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш помина само со судска опомена за нанесување на телесна повреда по приватна тужба од тужителот Демир Исмаил.. 

Судска опомена за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, за нападот врз Демир Исмаил на ромскиот бал во 2018та. Дудуш денеска во судница призна вина и рече дека жали за стореното правдајќи се дека тоа го сторил во афект, по што судијата Ѓоко Ристов му изрече само опомена.

Исмаил, кој е претседател на Европската ромска дијаспора Асва, тврди дека на Дудуш не му се допаѓало тоа што неговата организација донирала храна и облека за жителите на Шуто Оризари.

Остро реагираа од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Од партијата велат дека градоначалникот бил заштитен поради функцијата.

Целиот процес денеска траеше дваесетина минути. Дудуш и Исмаил заедно со своите адвокати пред почетокот на судењето постигнаа согласност, обвинетиот да го признае делото и со тоа да заврши судскиот процес.

Инаку лани се појави аудио снимка за која се тврдеше дека се слуша гласот на Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа по што обвинителството најави дека ќе го истражи случајот по добиена пријава од полицијата.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер