„Кула Вавилонска“ - јубилеен избор од поезијата на Веле Смилевски

 „Кула Вавилонска“ е насловот на избор од поезијата на Веле Смилевски, објавен по повод авторовиот јубилеј: 75 години живот и 50 години творештво. 

Издавач на книгата е Здружението за уметност и култура „Дијалог“, а рецензент Лидија Капушевска - Дракулевска.

Како што информираат од „Дијалог“ , “Кула Вавилонска“ на 920 страници донесува избор поезија од 14 стихозбирки на Веле Смилевски, а во посебен оддел објавени се критичко-есеистички толкувања на Влада Урошевиќ, Георги Старделов, Матеја Матевски, Луан Старова, Сретен Перовиќ, Ефтим Клетников, Данило Коцевски, Раде Силјан, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски, Саша Хаџи Танчиќ, Миодраг Друговац, Сава Хержман, Тодор Чаловски, Билјана Ангеловска, Ала Шешкен, Олга Панкина, Наташа Аврамовска, Маја Јакимовска Тошиќ, Љубинка Донева, Мирјана Стојановска, Милица Димитријовска Радевска, Даниела Андоновска Трајковска, Никола Илијовски, Елена Карпузовска и Соња Стојменска Елзесер.

Појаснуваат дека во својата рецензија за книгата, Лидија Капушевска – Дракулевска, меѓу другото, пишува: „Кула Вавилонска“ од Веле Смилевски остварува повеќезначна функција: изборот ја отсликува индивидуалната, авторска поетика, од една страна, а од друга, е мошне илустративен за местото, улогата и значењето на авторот во контекстот на целокупната современа македонска поезија. Во таа смисла, книгата претставува предизвик не само за обичните вљубеници во поетската реч, туку и за сите оние кои професионално и книжевно-теориски (научно) се занимаваат со македонската поезија, литература и култура“.

Претседателката на Грузија, Зурабишвили стави вето на законот за „странско влијание“

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили соопшти дека ставила вето на контроверзниот закон за „странско влијание“, кој предизвика масовни протести во земјата.

„Денес ставам вето (...) на закон кој е руски по својата суштина и е во спротивност со нашиот устав“, рече Зурабишвили откако текстот усвоен од Парламентот оваа недела беше осуден од неговите противници дека има за цел да ја одврати Грузија од нејзиниот пат кон Европа и да ја насочи кон Русија.

Таканаречениот „руски закон“, чии противници протестираат со недели против неговото усвојување, бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Критичарите на законот велат дека тој е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за пристапување во ЕУ.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која влегува во сè поостра конфронтација со грузиската владејачка партија, денеска изјави дека законот е во спротивност со Уставот на Грузија и „сите европски стандарди“, и додаде дека тој „мора да биде повлечен“. /МИА

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

притисни ентер