„Илинденски денови“ завршува со интернационална вечер и концерт на Драган Даутовски

Со интернационална вечер и концерт на Драган Даутовски квартет во античкиот театар на Херкалеа Линкестис завршува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Ансамблот „Кумагаја“ од Јапонија и „Де Мерсе Хоперс“ од Холандија се само некои од гостите на интернационалната вечер.

„Кумагаја“ го предводи битолчанката Марина Саито. - Во Јапонија длабоко се почитуваат македонската култура, фолклор и традиција. Ќе се изненадите колку е голема бројката на фолклорни групи што играат македонски ора, а јас лично познавам шест кои се од околината на Токио, посочи Саито во пресрет на завршната вечер.

„Де Мерсе Хоперс“ од Хоофдорп ќе се претстават со оригинални холандски носии и народни танци „Покрај езерото“ мотивирани од местото од каде што доаѓаат, карактеристично по големиот број рибари во тој крај, потврди Ања Бос, волонтерка и координатор на ансамблот.

Како што најави Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура Битола, во чест на наградените, целовечерен концерт во Хераклеа ќе приреди Драган Даутовски кој ќе го промовира новиот албум „Пламен“.

- Даутовски со неговиот квартет е неуморен презентер на македонската музичка култура на многу фестивалски сцени во светот. Не можевме да посакаме подобро и поспектакуларно завршување на годинешниот фестивал. Драган Даутовски, уметник на УНЕСКО, вечер во Хераклеа, воедно ќе го промовира својот најнов албум „Пламен“ и тоа за нас претставува дополнително признание за вредноста и значењето на фестивалот во Битола, рече Димитровски.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ секоја година се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија. Годинава учествуваа 30-на културно уметнички друштва и фолклорни групи од државата, Европа, како и од Австралија и Јапонија, чии настапи ги следеше стручно жири. Вечер најдобрите играорци и друштва од 44-то издание на фестивалот ќе бидат наградени. /МИА

Комеморации во Србија за жртвите на ланското масовно убиство на девет млади луѓе

Во селата Мало Орашје и Дубона кај Белград денеска започна комеморативна програма во спомен на жртвите од масовното убиство на 4 мај минатата година, второ во последните два дена.

Пред една година, доцна во ноќта, 21-годишниот Урош Блажиќ со автоматско оружје уби девет млади лица - Никола Милиќ (14), Александар Миловановиќ (17), Марко Митровиќ (17), братот и сестрата Кристина (18) и Милан Паниќ (22) Лазар Миловановиќ (19), Немања Стевановиќ (21), Далибор Тодоровиќ (24) и Петар Митровиќ (25), а повреди уште 12, објави Индекс.

Злосторството се случило еден ден по масовното убиство на основците во училиштето „Владисалв Рибникар“. Заедно со Урош Блажиќ, обвинителството предложило максимална казна од 20 години за неговиот татко за неовластено поседување на поголема количина оружје, муниција и експлозивни материјали, додека за истите кривични дела се товарат и неговиот вујко и синот на вујкото, со понизок предлог за казна. Заедно со семејствата и роднините на убиените, на комеморативната средба присуствуваа пријатели, колеги од училиште и родители на загинатите ученици во ОУ „Владислав Рибникар“, кои ден претходно ја одбележаа годишнината од убиството на нивните деца кои биле убиени од врсник. Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговите колеги, исто така, им оддадоа почит на жртвите на масовните убиства во Мало Орашје и Дубона.

Двете масовни убиства на 3 и 4 мај минатата година беа извршени за помалку од 48 часа. Откако 13-годишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај за време на првиот час со пиштолот на татко му го уби училишниот чувар и деветмина негови соученици, а рани уште петмина и наставник, на 4 мај доцна во ноќта, 21-годишен млад човек изврши масакр во две села кај Младеновац и Смедрево и зад себе остави девет жртви и 12 ранети.

Тие две злосторства минатиот мај се одбележаа со повеќемесечните протести „Србија против насилството“ на кои учествуваа стотици илјади луѓе низ целата земја.

Ликвидација среде Солун- тројца од возило во движење изрешетале Грузиец (ВИДЕО)

Грчката полиција трага по три лица кои денеска околу 14 часот испукале неколку истрели и убиле маж (41), кој веќе им бил познат на органите на прогонот.

Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови.

Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште.

Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата.

Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја симнувал кацигата. Еден куршум го погодил во грбот, друг во рамото. Очевидци наведуваат дека тој се симнал од моторот, поодел неколку чекори и паднал мртов.

Сè се случило пред бројни сведоци.

На терен се голем број полицајци, а овој дел од градот е блокиран.

Членови на ИПА пред Велигден го посетија геријатриското одделение при Општата болница во Охрид

Денеска, во пресрет на најголемиот христијански празник Великден-Христовото воскресение, Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид го посети геријатриското одделение при Општата болница во Охрид. 

23 повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат, не пречекаа со насмевка на лицето и ни пуштија рака во знак на добродојде. Ним, од срце им го честитавме Великден, ги прашавме како се, како се чувствуваат, како го поминуваат денот, им посакавме добро закрепнување, добро здравје и среќни моменти. Честитки за Великден упативме и до целиот тим на одделението, предводен од доктор Соња, им посакавме добро здравје и им искажавме почит за нивната посветеност во зачувувањето на здравјето на луѓето за кои се грижат.

Баба Стојанка која има 96 години, баба Доста и останатите, не испратија со насмевка, од душа ни рекоа „да остарите и вие“ и не поздравија со најдобриот христијански и великденски поздрав „За многу години“. Така срдечно и топло, од душа не поздрави и дедо Божин кој не испрати до врата, ги крена рацете високо и среќно, и ни рече „Бидете живи здрави, да живее Македонија, да се видиме пак“. Ќе се видиме дедо Божин, бабо Стојанке, баба Доста, ќе се видиме, со Господ напред, да сме живи здрави сите, за многу години. Благодарни сме што не примивте денеска и што со Вас, како наши пријатели, се почувствувавме посреќни.

Нашите дедовци и баби, нашите повозрасни претци, ја заслужуваат целата љубов и почит на овој свет. Тие беа и се, нашиот столб. Тие се вградија себе си во нас, во нашиот развој и во напредокот на Македонија.

SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.

Претседател на ИПА ОХРИД

М-р Стефан Димоски

притисни ентер