Во масовното злосторство, убиен е и чичкото на момчињата, Мирко Вулетиќ (45), исто така сопственик на кафеаната каде што убиецот го започнал страшното крваво дивеење.
Според полициските информации, Мартиновиќ убил четворица членови на семејството - Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови близнаци Милош и Марко Мартиновиќ во куќата на роднина во Бајице. Во истата куќа тешко ранета е сопругата на Марко, Марија (38).
Меѓу жртвите на Ацо Мартиновиќ се Радомир Марковиќ (70), Јошо Оташевиќ (55), Бранислав Мудреша (60), Драгана Драшковиќ (53) и Зорица Вулетиќ, за која црногорските медиуми велат дека му била сестра.
Масакрот почнал вчера нешто по 17 часот и 30 минути, во кафулето Велестово, во близина на Спортскиот центар во Цетиње. Според информациите кои до сега излегоа во јавноста, на се и претходела кафеанска тепачка меѓу убиецот и гостин.
Според црногорските медиуми, станува збор за Д.К., братот на полицискиот инспектор со кој и претходно бил во конфликт. Тој отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица, меѓу кои и сопственикот на кафулето Вулетиќ. Д.К. со кој убиецот првично вербално се судрил бил тешко ранет. Инаку, сопственик на кафулето Велостово е братот на М.В., кој се оженил со сестрата на убиецот Мартиновиќ и кој исто така е тешко ранет во масакрот.
После тоа во Бајице убил уште четворица членови на семејството Мартиновиќ, меѓу кои и неговите внуци близнаци.
Потоа убил две деца, внуци на кафеаната, во населбата Хумчи, а злосторството го продолжил во Доњи Краји каде ја убил својата сестра и уште едно лице.
Полицијата го опколила околу полноќ, по што Мартиновиќ си пукал во глава и починал на пат кон болница.