„Гответе со Дракче“ - Пита со спанаќ

Во четврток (19.12.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Јовановска Трајковска

Состојки за денешниот рецепт:

· 500 гр. спанаќ

· 500 гр. кори за пита

· 300 гр. сирење

· 500 мл. минерална вода

· 1 ќесичка пециво

· 2 лажици брашно

· малку масло за јадење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Концерт Драган Мијалковски

​Бадниковата вечер нека ви ја исполнат познати звуци испеани од музичката легенда Драган Мијалковски!

Пејте ги и уживајте со незаборавните евергрини од неговата шеесетгодишна кариера.

Имајте прекрасна бадникова вечер со јубилејниот онцерт на драган Мијалковски.

6 јануари со почеток во 20 часот, само на Канал 5 телевизија

Се вжештија линиите на 112 – дневно и 2.000 повици, ама „реални“ се помалку од половина

Празничните денови ги вжештија линиите на 112, системот кој ги обединува сите служби за итни случаи, како што се полицијата, брзата помош и противпожарната... 

Празничните денови ги вжештија линиите на единствениот број за итни случаи 112. Од Центарот за управување со кризи велат дека периодов се соочиле и со низа на бизарни и комични повици, од барања за евакуација од завеани места, до повици за достава на лекови, и нарачки на пица. Од таму велат дека операторите дневно примаат од од 1.500 до 3.000 повици и апелираат граѓаните поодговорно да го користат бројот за итни повици.

Од Центарот сепак, посочуваат дека и невообичаените примери се интересни и за раскажување и делуваат поучно, како за јавувачот, така и за спасителите на терен. Како пример го посочуваат случај минатата нова година, на петнаесетина минути по полноќ, на 112 се јавило лице со траорен глас, кое рекло дека умира од многу студенило, на гробиштата во Бутел.

Од ЦУК велат дека координацијата на терен меѓу полицијата, брзата помош и пожарникарите, е од голема важност и апелираат до граѓаните, безбедноста на нивните животи да ја ставаат на прво место. Единствениот број за итни повици 112 според нив, се потврдил дека е полезен за сите што се нашле во животнозагрозувачка ситуација.

Скопје денеска меѓу десетте најзагадени градови во светот

Главниот град Скопје денеска е меѓу десетте најзагадените градови во светот со висок индекс на загадување од 176 според последните податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-Кју-Ер“.

Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во текот на денот беше и 20 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација. Експертите многупати до сега предупредуваа дека високите вредности на загадувањето имаат сериозен ефект врз здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на грејни тела.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме пак, со поделени мислења, некои од нив велат дека многу им пречи загадениот воздух, други пак, не го ни забележале

Пред неколку денови преку протест, еко активистите повторно побараа државата да почне да спроведува конкретни мерки против загадувањето. Продолженото изложување на загаден воздух, според СЗО, може да доведе до астма, хроничен бронхитис и други респираторни заболувања.

Загадувањето на воздухот може да ја зголеми шансата за срцеви заболувања, вклучувајќи инфаркти, висок крвен притисок и удари, а долгорочното изложување на загаден воздух, може да доведе до развој на рак на белите дробови.

Жените изложени на загаден воздух пак, може да имаат поголем ризик од компликации во бременоста, вклучувајќи предвремено породување, ниска тежина при раѓање и други здравствени проблеми.

притисни ентер