„Гответе со Дракче“ - Паста во сос

Во петок (13.12.2024) во емисијата гостин ни беше Симона Поповска

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. тестенини по избор

200 гр. свежи печурки

2 чешниња лук

150 мл. павлака за готвење

50 гр. пармезан

2 лажици маслиново масло

малку магдонос

сол и бибер по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Скопје денеска меѓу десетте најзагадени градови во светот

Главниот град Скопје денеска е меѓу десетте најзагадените градови во светот со висок индекс на загадување од 176 според последните податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-Кју-Ер“.

Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во текот на денот беше и 20 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација. Експертите многупати до сега предупредуваа дека високите вредности на загадувањето имаат сериозен ефект врз здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на грејни тела.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме пак, со поделени мислења, некои од нив велат дека многу им пречи загадениот воздух, други пак, не го ни забележале

Пред неколку денови преку протест, еко активистите повторно побараа државата да почне да спроведува конкретни мерки против загадувањето. Продолженото изложување на загаден воздух, според СЗО, може да доведе до астма, хроничен бронхитис и други респираторни заболувања.

Загадувањето на воздухот може да ја зголеми шансата за срцеви заболувања, вклучувајќи инфаркти, висок крвен притисок и удари, а долгорочното изложување на загаден воздух, може да доведе до развој на рак на белите дробови.

Жените изложени на загаден воздух пак, може да имаат поголем ризик од компликации во бременоста, вклучувајќи предвремено породување, ниска тежина при раѓање и други здравствени проблеми.

Прирачникот за предвремено родени бебиња, голема помош за родителите

На Клиниката за гинекологија минатата година се родиле околу 680 бебиња предвреме, а најголем страв за родителите е дали сѐ ќе биде во ред со нивното бебе? 

Со 530 грама родилна тежина било најмалото бебе на клиниката за гинекологија и акушерство, а на крајот од годината си заминало со 2. 540 грама. Одделот за предвреме родени деца има многу успешни приказни. Но, родителите на овие бебиња имаат секогаш најмногу прашања за нивното дете кое останува и по три месеци на овој оддел. Медицинската сестра Тања Трајковска работи 32 години во оваа клиника 28 години на овој оддел. Таа своето искуство го напишала во прирачник што е прва помош за секој родител кој има предверемно родено, сите чекори во неговото подигање на детето и совети кога ќе го напуши одделот.

Прирачникот е објавен на веб страната на клиниката за гинекологија, но според Трајковска добро би било истиот да се преведе и на други јазици кои се користат во Македонија. Освен прирачникот родителите добиваат совети и кога доѓаат на посета кај нивните бебиња.

Исто така на клиниката наскоро почнуваат и часовите за трудните жени кои ќе добијат совети за чинот на раѓање од страна на сестра акушерка, гинекологи и анестезиолог.

Минатата година на клиниката се родили 681 породено бебе. Токму и една од целта на предавањата се совети во делот на зголемен притисок кој може да биде една од причините за предвремено породување.

Анима мунди: Заменик директорот на „Македонија пат“ убил мечка заштитена со закон

Заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Франго, се пофалил дека застрелал мечка, обвинуваат од „Анима мунди“ од каде бараат негово разрешување и најавуваат кривична пријава... 

Активистите го обвинуваат дека ја убил, тој се правда дека ја нашол покрај патот. Од здружението за заштита на животните Анима Мунди тврдат дека заменик директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, минатиот месец убил мечка и се фотографирал со неа. Тие најавија и кривична пријава против Дранго и побараа негово разрешување од функцијата, бидејќи како што велат, вршителите на јавни функции треба да бидат синоним за одговорност и почитување на законите, наместо со пушки в рака да убиваат заштитени видови на животни.

„Станува збор за човек, втор во хиерархијата во јавно претпријатие кој треба да биде пример за почитување на законите, а не сторител на кривични дела. Оттаму, се отвора прашањето дали Дранго е недопирлив за правдата само затоа што е политичар и колку пати го има извршено овој монструозен чин?“, велат од „Анима Мунди“

Дранго пак, за Канал 5 тврди дека обвинувањата не се вистинити. Според него, мечката била прегазена од автомобил на патот Битола-Ресен, а тој бил повикан да ја отстрани од местото.

Мечката во Македонија инаку е заштитено животно. Според Законот за лов, член 11, таа спаѓа под заштитен дивеч и нејзиниот лов во земјава е трајно забранет. За лов на мечка, според кривичниот законик пак, е казниво со затворска казна од една до пет години.

притисни ентер