Шпанија стравува дека Франција ќе ги заостри граничните контроли за да ја запре имиграцијата

 Шпанија стравува дека Франција, која е многу помалку толерантна кон нерегуларната имиграција, ќе ја заостри контролата на границите, пишува шпанскиот весник „Паис“.

Весникот оценува дека во Франција има голема политичка криза, но дека една работа не се сменила, а тоа е дека Париз ќе држи цврста рака и ќе ја засили контролата на своите граници.

Шпанија стравува дека новиот извршен директор на францускиот премиер Франсоа Бајру во голема мерка ќе враќа луѓе од границата, практика која предизвикуваше проблеми во минатото. /МИА

Во Конго околу 170 затвореници ќе бидат погубени поради вооружени грабежи

Повеќе од 170 затвореници осудени на смрт се префрлени од главниот град на Конго во друг затвор на северот на земјата каде што ќе бидат погубени, објавија конгоанските власти.

„Седумдесет осуденици се транспортирани вчера“, рече министерот за правда на Конго, Констант Мутамба, а уште 102 затвореници веќе се испратени во затворот Ангенга во северната провинција Монгала.

Затворениците се осудени за вооружен грабеж и локално се познати како „кулуни“ или „урбани бандити“.

Тие се на возраст меѓу 18 и 35 години, се вели во соопштението на Мутамба.

Некои граѓани на Конго ја поздравија мерката како средство за враќање на редот и безбедноста во градовите, додека други се загрижени за ризикот од злоупотреба и кршење на човековите права. /МИА

Зеленски: Украина има 980.000 војници во борба, ние ја имаме најголемата армија во Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина има 980.000 вооружени луѓе кои се борат против Русија на сите фронтови и дека украинската армија е „најголема во Европа“.

„Киев Индипендент“ наведува дека Зеленски во таа проценка не ја земал предвид Русија, која пред речиси три години ја нападна Украина со повеќе од милион луѓе.

„Украина ја има најголемата војска во Европа. По нас доаѓа Франција, која има четири пати помалку војници. Ми се чини дека Французите имаат 200.000 војници, а ние 980.000“, посочи Зеленски./МИА

притисни ентер