„Фајненшл Тајмс": Брисел им отвора пат на земјите од ЕУ за стопирање на преговорите за членство

Брисел подготвува план за промена на процедурата за преговорите за членство во ЕУ.

План кој се очекува да стане ново потенцијално бојно поле меѓу членките на Унијата околу тоа дали да се даде зелено светло за отпочнување на претпристапниот процес за Скопје и Тирана, оценува лондонски „Фајненшл Тајмс".

Весникот, кој имал увид во планот, наведува дека тој ќе овозможи на појасни ставови околу тоа што членките на ЕУ очекуваат од кандидатите за членство, како и во врска со последиците со кои би се соочиле државите аспиранти во случај на исполнување или неисполнување на поставените барања.

„Фајненшл Тајмс" оценува дека Владата во земјава се соочува со „голем предизвик на изборите во април од страна евроскептичните противници, кои тврдат дека ЕУ ја предала земјата иако таа ги исполнила сите поставени барања, вклучително и промена на нејзиното име со што се стави крај на долгогодишниот спор со Грција".

Весникот пренесува и изјава на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој вели дека носењето одлука за започнување на преговори пред изборите во април, „во суштина ќе даде одговор на прашањето што сака Европа со Балканот".

– Ако (ЕУ) сака демократски и помирен регион, треба да испорача кога земјите ќе спроведат тешки реформи и ќе решат долгорочни спорови, вели Димитров.

„Фајненшл Тајмс" посочува дека планот на Еврокомисијата, што треба да биде објавен оваа недела, предвидува дека темпото на преговорите ќе зависи од спроведувањето на реформите во земјите кандидати за членство, при што во екстремен случај преговарачкиот процес може да биде ставен во мирување или суспендиран, како и да има повторно отворање на веќе затворени поглавја.

Планот исто така нуди и подобри стимуланси за земјите кандидати за успешно работење, вклучително и зголемени финансиска помош и инвестиции и поблиска интеграција со политиката, пазарите и програмите на ЕУ во областите каде е постигнат напредок, додава весникот./МИА.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

притисни ентер