„Електра и Орест“, нова претстава на МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар во завршна фаза е претставата „Електра и Орест“ во режија на Андриј Жолдак. Премиерата е предвидена за септември, со почетокот на новата сезона.


Во претствата играат Дарија Ризова, Камка Тоциновски, Арна Шијак, Звездана Ангеловска, Александар Горгијовски, Никола Ацески, Славиша Кајевски, Борче Начев, Александар Михајловски. Координатор на продукцијата е Катја Жолдак.

- Електра е претстава за скриените импулси во човекот, за темната страна на човекот, посочи режисерот Жолдак на денешната прес-конференција. Додаде дека во Македонија работи во најдобриот театар.

Според уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски, ги имаат едни од најдобрите и најспосветени актери на светот кои, како што рече, имаат направено неверојатна актерска трансформација.

- Вториот дел на претствата би го нарекле раѓање на нов Жолдак, на една нова естетика и за него, рече Пројковски.

Славиша Кајевски истакна дека пробите со Жолдак траат долго, по 12 часа и додаде оти работат филмски.

- Ние имаме генијалец кој работи со нас, додаде Кајевски.

Актерската екипа се согласи дека ќе имаат одлична претстава. Арна Шијак потенцира дека оваа претстава ја враќа вербата во театарот.

ОН се загрижени поради десетици случаи на колера по поплавите во Кенија

 Обединетите нации денеска изразија загриженост откако беа пријавени неколку десетици случаи на колера во Кенија, која е погодена од поплавите.

Според Светската здравствена организација (СЗО), 44 случаи на колера има во една од најпогодените области од поплавите, во областа на реката Тана во источна Кенија.

„Верувам дека со тамошната влада и со националните и меѓународните партнери ќе успееме да ја совладаме болеста“, рече координаторот на ОН во Кенија, Стивен Џексон и посочи дека колерата секогаш предизвикува голема загриженост.

Колерата е акутна цревна инфекција која се шири преку контаминирана храна и вода и предизвикува тешка дијареа, повраќање и грчеви во мускулите. Оваа болест е особено опасна за малите деца.

Според последните официјални податоци, во поплавите во Кенија загинале 238 лица, додека повеќе од 200.000 луѓе останале без покрив над главата.

Принцот Хари бил на пет минути од резиденцијата на својот татко, па сепак не го посетил

Принцот Хари пристигна во Велика Британија, но нема да се види со својот татко, кралот Чарлс, како што првично се мислеше бидејќи монархот има „зафатен распоред“.

Војводата од Сасекс вчера пристигнал во Лондон од Калифорнија, сам, без сопругата и децата, за да присуствува на 10-годишнината од настанот Invictus Games, чиј основач е тој.

Инаку, Хари присуствуваше на настанот на место помалку од пет километри оддалечено од резиденцијата на Чарлс.

Како што пренесуваат британските медиуми, принцот Хари верувал дека за време на оваа посета на Велика Британија ќе се сретне со својот татко, со кого веќе некое време е во нарушени односи, но овој план му вродил контраефект бидејќи кралот Чарлс имал „полн распоред“.

„Одговорот на многуте прашања и тековните шпекулации за тоа дали војводата ќе се сретне со својот татко додека е во Британија оваа недела е дека, за жал, тоа нема да биде можно поради презафатениот распоред на неговото височество. Војводата, се разбира, ги разбира обврските и распоредот на неговиот татко и разни други приоритети и се надева дека ќе го види наскоро“, рече портпаролот на Хари.

Кралскиот аналитичар Ричард Палмер реагираше на оваа вест, нарекувајќи ја „изненадувачка“.

„Би било изненадувачки доколку кралот и Хари всушност воопшто не се сретнат и можеби тоа е знак за тоа колку повеќе е потребно за да се изгради мост меѓу нив. Имаше многу медиумски шпекулации за средбата татко и син. Иако отсекогаш било на ниво на шпекулации, претпоставував дека ќе се видат“, прокоментира Палмер.

Да потсетиме дека Хари и Чарлс последен пат се видоа во февруари оваа година, по шокантното сознание дека кралот боледува од рак.

Шест владици богослужеа за Марковден во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево

Шест владици денеска учествуваа на Светата божествена литургија одржана во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево по повод празникот посветена на апостолот и евангелист Св. Марко. 

Неговото преосвештенство г. Марко, епископ на делчевското каменичката епархија кој го носи името на апостолот, изрази благодарност до владиците кои учествуваа на литургијата и верниците со своето присуство збогативајки го денешниот настан.

- Упатувам благодарност до митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото преосвештенство епископот Дељадровско – илинденски г. Јоаким, Неговото Преосвештенство епископот Дремвитски г. Давид и Неговото Преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков кои го збогатија денешното чествување на апостол Марко. Со Божја помош свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сè добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда, истакна г. Марко.

Епископот на Делчевско-каменичката епархија на верниците им го честиташе Велигден, упатувајќи порака уште многу години да го празнуваат насјветлиот датум во христијанството.

Воедно, изрази благодарност на градоначалникот на М. Каменица Димчо Атанасовски кој присуствуваше на литургијата, за неговото како што рече епископ г. Марко, залагање за изградба на резиденцијата на свештениците во М. Каменица, чии градежни работи се во тек.

Литургијата заврши со делење нафора на верниците и доделување црковни сувенири во знак на благодарност за присуство на богослужбата.

притисни ентер