„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска прогласен за роман на годината

Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, е добитник на овогодишната награда „Роман на годината“.

Романот е во издание на ТРИ и уште по своето објавување ја освои читателската публика. Жири-комисијата составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, одлучи токму романот на Димковска да се закити со една од најпрестижните и несомнено најпосакуваните признанија во домашната книжевност.

„Единствен матичен број“ е четврти роман на авторката, од кои „Резервен живот“ исто така беше во најтесниот круг за оваа награда во 2012 година.

Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година, од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.

За Издавачки центар ТРИ ова е петта награда „Роман на годината“. Лидија Димковска се придружи на низата квалитетни автори кои во издание на ТРИ претходно се здобиле со ова признание – Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000 г.), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006 г.), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008 г.) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012 г.).

Критиката веќе се огласи за многузначноста и значајноста на ова прозно остварување на Димковска. Читателите исто така ја препознаа неговата вредност, а во меѓувреме сите го очекуваме второто издание на романот.

Лидија Димковска веќе има освоено повеќе награди за нејзината проза, од кои ги издвојуваме – двапати наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и награда на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“. Токму затоа, таа сосем заслужено е една од најпреведуваните домашни авторки.

Сиљановска-Давкова: Благодарност до Максим Димитриевски за поддршката за вториот круг

Претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност до Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка за вториот круг од претседателските избори.

Кандидатката за претседателка на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, по повод јавно изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на партијата "Знам" и градоначалник на Куманов, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори:

„Му благодарам на претеседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски (@m_dimitievski), за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“.

Маричиќ: Сите наши државнички одлуки го издржаа тестот на времето

„Сите државотворни одлуки кои сме ги донеле во изминативе 30 години, сите до една го имаат издржано тестот на времето и со тоа СДСМ се покажа како достоен наследник на делото на Гоце Делчев.“

„Сите државотворни одлуки кои сме ги донеле во изминативе 30 години, сите до една го имаат издржано тестот на времето и со тоа СДСМ се покажа како достоен наследник на делото на Гоце Делчев, на придобивките од АСНОМ и НОБ, од делото на Гоце Делчев и на Киро Глигоров“, истакна на новинарско прашање секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, кој како член на делегацијата на СДСМ заедно со заменик претседателката, Сања Лукаревска и со претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје по повод 121-та годишнина од смртта на идеологот на Македонската револуционерна организација.

Маричиќ дополни дека ниту една одлука не била ниту поништена, ниту изменета, туку сите биле прифатени и вградени во државноста на Македонија, дека СДСМ нема да се откаже иднината и со својата идеологија и своите политики ќе ги застапува социјалдемократските идеали, принципи и вредности.

Во однос на парламентарните и претседателските избори, Маричиќ нагласи дека СДСМ очекува подобар резултат и дека граѓаните ќе одлучат која партија колку пратеници ќе има во Парламентиот.

„Нам ни е битно да покажеме единство, заедништво и на секој наш член, симпатизер и поддржувач да му пристапиме и тоа го правиме секој ден и ќе се бориме. СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој е власт, кој е опозиција одлучуваат граѓаните. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека СДСМ како партија ќе биде бедем којшто ќе ги брани слободата и демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на европските интеграции. Сето она што ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ планираат да го загрозат. Така што, ние сме автентична политичка партија, не сме дериват од ниту една друга политичка партија ниту сме составени да помогнеме на ВМРО – ДПМНЕ да дојде на власт, како што е тоа случајот со ЗНАМ“, потенцираше Маричиќ, се наведува во партиското соопштение.

Петрова: Уште една потврда за нарушената доверба во користењето на буџетските средства

Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција - вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ.

Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција - вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ, а се повикува на доделената финансиска помош ( [‼️] доделена од средства од Буџетот, од народните пари!) и ветува продолжување на финансиската помош во зголемен износ. Со ова, компаниите кои примиле финансиска помош се ставени во позиција дека треба "за возврат" на финансиската помош да дадат глас на изборите. Ова е класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите.

Со вакви дејствија за нечесни цели поврзани со изборите, се потврдува и уште повеќе се поткопува нарушената јавна доверба во користењето на буџетските средства. [‼️] Дали (не)дадениот глас на избори бил и ќе биде "услов" за (не)доделување финансиска помош во некои случаи?, објави на ФБ, Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии.

притисни ентер