,,Џокер” го менувал името како дете и бил член на секта

Актерот кој во моментот е мега популарен по улогата на Џокер , Хоакин Феникс до сега го криеше својот приватен живот.

Познато е само дека од 2016 година, Феникс е во врска со актерката Руни Мар, а годинава се верија.

Тимот на списанието „Ел“ го истражи минатото на актерот и откри интересни факти за него што веројатно не сте ги знаеле.

Кога бил дете, Хоакин беше љубоморен на интересните имиња на неговите браќа и сестри, Ривера (река), Рајна (дожд), Сумер (лето) и Либерти (слобода), па реши да го смени неговото име во Лиф (лист). Сепак, ова не траело долго, па на 11-годишна возраст си го вратил името Хоакин.

Сите членови на неговото семејство членувале во сектата Деца Божји (Children of God), и живееле извесно време во сиромаштија во Венецуела. За среќа, родителите на актерот сфатиле дека водачот на сектата е опасен и злобен, па се вратиле во Америка. Покрај тоа, подоцна се дознало дека некои членови на сектата сексуално го злоставувале братот на Хоакин , Ривера. За да не ги поврзуваат со таа секта, го смениле своето презиме во Феникс.

Феникс е веган уште од детството и не сака да носи ништо од животинско потекло на себе. Тој е голем борец за правата на животните, а на снимањето за Прада, одби да носи вистински кожни чевли.

Хоакин Феникс откри дека секогаш има трема кога снима филм и токму затоа се поти толку многу што во рок од еден час менува дури по неколку маици.

Тој никогаш не ги гледа своите филмови . Имено, актерот смета дека гледањето филмови во кои игра може негативно да влијае на неговата понатамошна работа и затоа никогаш не ги гледа. Така прават и неговите колеги Џони Деп и Мерил Стрип.

Брат му на Хоакин , Ривер Феникс стана sвезда во детството со филмовите Stand by Me и My Own Private Idaho”. За жал, на 23-годишна возраст, почина поради предозирање, поради што Хоакин се повлече од актерската сцена за некое време.

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

притисни ентер