„Денови на шанса за тебе“, прекуграничен Саем за вработување ќе се одржи во Лесковац

Во рамки на проектот „Шанса за тебе“, се организира дводневен настан/прв Прекуграничен Саем на Вработување наречен "Денови на шанса за тебе" ("OPPORTUNITY4YOU DAYS") .

Во рамки на проектот „Шанса за тебе“, се организира дводневен настан/прв Прекуграничен Саем на Вработување наречен "Денови на шанса за тебе" ("OPPORTUNITY4YOU DAYS") кој ќе се одржи на 27-ми и 28-ми август 2024 година во просториите на хотел Бавка, Горњи Буниброд, Лесковац.

Организаторотите на Саемот ги повикуваат сите заинтересирани за нови вработувања, или оние кои сакаат да го етаблирате своето претпријатие како посакувано место за таленти, да се регистрираат на саемот на следниот линк како организација излагач. Проектните партнери на проектот „Шанса за тебе“ ги покриваат трошоците за учеството на настанот.

„Во исто време ве покануваме да се регистрирате и на нашата платформа за вработување која ја лансираме оваа недела. https://region.sansazatebe.info/mk

Тука можете да ги огласите новоотворените позиции во вашето претпријатие. Огласите се видливи за барателите на работа од двете страни на границата. Со Отворениот Балкан барателите на работа од двете страни на прекуграничниот регион (Србија и Македонија) можат да работат без бариери во двете држави.

Проектот „Шанса за тебе“ (бр. 48-00-00164-2021-28-3) во рамките на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Македонија 2016-2020 (во натамошниот текст: Проект) е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на Скопскиот плански регион од Скопје, Македонија, Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот округ од Лесковац и Општина Власотинце, Србија. Овој проект е кофинансиран од Европската Унија.

Проектот се стреми да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила, поттикнува воведување нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор и придонесува за зголемување на капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програмите за вработување, сопштуваат организаторите на Саемот.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер