„Audi“ најави промени

„Audi“ претходно потврди дека ќе претставува само електрични возила од 2026 година и постепено ќе ги укине моделите со мотори со внатрешно согорување до 2033 година.

Потврдувајќи ја својата посветеност кон електричните возила, „Audi“ планира да произведува возила со нула емисија во сите фабрики од 2029 година, пишува „Autoblog“.

Ова веќе се случува на локациите „Bollinger Hof“ (Германија) и Брисел (Белгија), а Инголштад (Германија) ќе следи следната година кога „Q6 E-Tron“ ќе излезе од производната лента.

Во следните шест години, производството на електрични возила ќе започне во фабриките во Некарсулм (Германија), Сан Хозе Чиапас (Мексико) и Ѓер (Унгарија). „Audi“ вели дека ќе гради нови фабрики само во региони каде што е потребен дополнителен производствен капацитет. За таа цел, се гради нова производствена локација со партнерот „FAW“ во Чангчун (Кина) за електрични возила базирани на платформата „PPE“. Изградбата ќе биде завршена до крајот на 2024 година.

Во исто време, „Audi“ до средината на оваа деценија ќе инвестира околу 500 милиони евра за да ги обучи своите вработени за производство на електрични возила ширум светот. „Audi“ постави амбициозна цел да ги преполови годишните трошоци за производство до 2033 година. Постигнувањето на оваа цел ќе биде можно со намалување на сложеноста со повеќе елекрични модели и помалку модели со мотори на внатрешно согорување. Од самиот почеток ќе се спроведува поедноставен производствен процес. „Q6 E-Tron“ ќе се составува на истата производна линија како и „A4“ и „A5“, а електричните автомобили постепено ќе ги заменуваат моделите на мотори со согорување во наредните години.

„Audi“ веќе го сигнализираше падот на двата автомобили со конвенционален погон откривајќи дека нема намера да ги обнови „A1“ и „Q2“ откако моделите од сегашната генерација ќе го завршат својот животен циклус.

Дополнително, заминува суперавтомобилот „R8“ со „V10“, додека подостапниот спортски автомобил „ТТ“ исто така умира. „A8“ најверојатно ќе се трансформира во водечки електромобил подоцна оваа деценија, со идни електрични автомобили моделирани по концептите на „Audi Sphere“. Следниот, наречен „Activesphere“, премиерно ќе биде прикажан на 26 јануари.

Ал-Итихад сака да го ангажира Тер Штеген

 Ал-Итихад е заинтересиран за трансфер на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, пренесува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски портал, клубот од Саудиска Арабија има намера да го придобие германскиот голман на крајот од актуелната сезона. Спортскиот директор на Ал-Итихад Рамон Планес, кој претходно работеше во Барселона, верува дека Тер Штеген добро ќе се вклопи во тимот од Џеда.

Во август, 32-годишниот фудбалер потпиша нов договор со Барселона, кој трае до јуни 2028 година.

Тер Штеген игра за „Блауграна“ од 2014 година. Сезонава одигра 32 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува 14 пати мрежата „чиста“.

Во Нова Каледонија аеродромот е затворен поради протести и воведен е полициски час

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија денеска упатија повик за смирување на тензиите по немирите кои избија во главниот град Нумеа поради дискусијата за уставните измени во Собранието во Париз, кои ги осудуваат сепаратистите на оваа француска прекуморска територија.

Луис Ле Фран, високиот комесар на Париз на територијата на Пацификот, рече дека демонстрантите впериле оружје од голем калибар и ловечки пушки кон жандармите. Тој додаде дека нема жртви.

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија објавија дека наставата во училиштата е прекината и дека меѓународниот аеродром е затворен. Немири избија вчера за време на демонстрациите против предлогот што го разгледуваат пратениците во Париз, а кој има за цел да го прошири електоратот за локалните избори.

Апел за помош за лекување на младиот Бошко Јанкулов

На младиот кавадарчанец кој се лекува во Турција му е дијагностициран канцер на карлица.

Нема цена за шансата на Бошко!

Се надевам сите се сеќавате на Бошко Јанкулов, студентот на кој што му беше дијагностициран канцер на карлица. Бошко веќе подолго време е на лекување во Турција, за кое лекување и напредок најголема заслуга имате сите вие добри луѓе кои секогаш несебично помагавте. Претстои операција за целосно отстранување на канцерот!

После сето лекување и 6 хемотерапии покасно, резултатите се ветувачки и конечно туморот е намален, па на Бошко му претстои операција за целосно отстранување на истиот и лекување со радиотерапија и имунотерапија. Меѓутоа финансиските средства се целосно исцрпени и повторно му треба нашата помош за конечно да може да прооди. Неговата битка за целосно опоравување е при крај, но без вас не можеме да успееме, па ве молиме од срце кој колку може да донира или барем масовно споделување на постот. Затоа што заедно сме посилни!

Буџет на кампањата

Целосните финансии потребни за третманот изнесуваат 30000 евра.

притисни ентер