„Apple“ му се приближува на „Samsung“ по продажба на паметни телефони

Американската технолошка компанија „Apple“ ја намали разликата зад јужнокорејскиот „Samsung“, долгогодишниот лидер на пазарот на паметни телефони, во третиот квартал, според пресметките на експерти од „IDC“.

Од јули до септември „Samsung“ продал 59,6 милиони мобилни телефони, а „Apple“ 53,6 милиони, процени вчера аналитичка компанија. Тие пресметале дека пазарниот удел на „Samsung“ пораснал на 19,7 отсто, а на „Apple“ на 17,7 отсто. Во вториот квартал „Apple“ заостанува зад „Samsung“ за околу четири процентни поени.

Одлучувачки фактор за намалениот заостаток на „Apple“ беше падот на продажбата на „Samsung“ за 8,4 отсто на годишно ниво. „Apple“ продаде 2,5 отсто повеќе „iPhone“ уреди отколку во истиот период минатата година.

„Apple“ обично се искачува на врвот на глобалното рангирање во последниот квартал од годината, благодарение на воведувањето на нови модели. Во текот на целата година, сепак, „Samsung“ традиционално е во водство.

Третото место од јули до септември го зазеде кинескиот „Xiaomi“, кој, според пресметките на „IDC“, продаде 2,4 отсто повеќе мобилни телефони од истиот период лани, со пазарен удел од 13,7 отсто.

Кинеската „Transsion“ го обезбеди статусот на „ѕвезда во подем“ потпирајќи се главно на африканскиот пазар. Во третиот квартал продале 35 отсто повеќе смартфони од истиот период лани, вкупно 26 милиони и изградиле пазарен удел од 8,6 отсто.

Извор: Индекс.хр

Галант: Повикот на обвинителот на МКС е срамен обид да се негира правото на Израел

Повикот на обвинителот на МКС е срамен обид да се негира правото на Израел на самоодбрана.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека повикот на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд да се издаде налог за апсење по него и премиерот Бенјамин Нетанјаху е „срамен“ обид да се ускрати правото на Израел на самоодбрана.

- Обидот на обвинителот Карим Кан да го ускрати правото на државата Израел да се брани и да ги ослободи киднапираните мора целосно да се отфрли, напиша Галант на X.

Тој додаде дека обидот на обвинителот на МКС нема да успее и оти неговата „паралела меѓу терористичката организација Хамас и државата Израел е срамна и одвратна“.

Галант истакна дека „израелската армија води војна во согласност со меѓународното право“ и дека се бори против „непријателот кој изврши злосторства врз жени, деца и мажи на Израел, чии луѓе сега ги користи како жив штит“.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кан во изјавата соопшти дека бара потерници против израелските лидери Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за злосторства, вклучувајќи „намерно убиство“, „истребување и/или убиство“ и „изгладнување“.

Јелен ги повика европските банки да го зајакнат надзорот над санкциите против Русија

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска ги повика директорите на европските банки да ја зајакнат контролата врз спроведувањето на американските санкции против Русија.

- Ги повикувам сите институции овде зајакнато да се придржуваат до мерките и уште повеќе да се фокусираат на руските обиди да ги избегнат санкциите, рече Јелен.

Таа изјави дека санкциите воведени во декември 2023 година ги попречиле напорите на Русија за производство на стоки неопходни за војната во Украина, но во исто време додаде дека треба да се направи повеќе на тоа поле.

Невреме со грмотевици во Германија, десетмина повредени во удар на гром

Десет лица се повредени, од кои четворица се во тешка состојба при удар на гром вчера попладне во Дрезден.

Гром удри во група луѓе на брегот на реката Елба. Станува збор за три жени и седум мажи на возраст од 26 до 41 година.

Четворица од нив се здобиле со повреди опасни по живот и се пренесени во болница.

Делови од сојузната покраина Саксонија вчера беа погодени од силна бура.

притисни ентер