„AI Tech Summit“ Скопје – нови технологии за подобра иднина

Викендов во Скопје се одржа “Ai Tech Summit” – прв настан од ваков вид, каде свое излагање имаа повеќе од 20 говорници од целиот свет, реномирани експерти во оваа индустрија.

Викендов во Скопје се одржа “Ai Tech Summit” – прв настан од ваков вид, каде свое излагање имаа повеќе од 20 говорници од целиот свет, реномирани експерти во оваа индустрија, кои ги споделија своите искуства и достигнувања во полето на вештачката интелегенција (ВИ). На самитот имаше говорници од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и др

М6 Едукативен центар, како дел од својата мисија да биде чекор напред во едукацијата, професионалниот и личниот развој се вклучи како ко-организатор на настанот заедно со TBM Group од Прага.

Во фокусот на самитот беа најновите трендови на полето на технологијата и вештачката интелигенција и нивниот потенцијал за трансформација на различни индустрии и општествени сфери. Се дискутираше за теми како етичките импликации на вештачката интелигенција, влијанието на ВИ врз финансискиот сектор и врз производството, а во рамки на самитот говорниците зборуваа и на темите посветени на значењето на податоците за развој на вештачката интелигенција, на ко-еволуцијата на вештачката интелегенција со човештвото, како и на револуцијата што ВИ ја создава во правната индустрија.

Главните заклучоци од самитот се фокусираат на правилното користење на вештачката интелегенција за подобрување на квалитетот на живот и работа на поединците и општеството како целина, но и на потребата од прилагодување на сетот на вештини на индивидуално и организациско ниво за правилно да се искористи потенцијалот кој новите технологии го овозможуваат.

Во оваа насока M6 Едукативен центар веќе подготви специјализирана обука “AI for managers and executives” во соработка со Центарот за Вештачка Интелегенција од Шведска, која ќе се одржува онлајн и ќе ги покрие главните елементи за правилната употреба на ВИ во различни индустрии, нејзиното имплементирање во различни организации и употреба при решавање на бизнис проблеми.

М6 ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР - СКОПЈЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер