Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, изминатата недела регистирирани се 27 нови случаи со пертусис, и четири нови хоспитализации, а најголем број од новозаболените се на возраст од 10 до 14 години. Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи.
Иако според последните податоци од здравствените власти, има раст во бројот на вакцинирани деца со речиси сите вакцин, докторите велат далеку сме од препорачаните 95 % на имунизација на национално ниво.
„Прв пат од ваков тип теренска вакцинација каде се вклучени сите здравствени домови и се планира да посетат повќее од 3 000 семејства, фокусот е даден на вакцинација со вакцини кои имаат копмонента на пертусис, поради зголемениот број моментално со голема кашлица. Како и за вакцини со МРП вакцина, бидејќи станува збор за едно заразно заболување а за жал имаме далеку од потребниот опфат од вакцинација... “-изјави Бранка Величковска Тенева – министерство за здравство.
Со порака родителите навреме да ги вакцинираат своите деца, со цел создавање на колективен имунитет испратија и од УНИЦЕФ. Велат земјата мора да оди напред во процесот на имунизација, а граѓаните да внимаваат какви информации добиваат.
Граѓаните велат не дозволиво е во 21 век да имаме епидемија за болест за која имаме вакцина.
По прогласувањето на епидемија на голема кашлица на територија на Скопје, здравствените власти препорачаа во градинките се примаат само деца кои изминативе шест месеци имаат примено три дози од Ди Те Пер вакцината, под услов во следните 6 да примат и ревакцина. Но согласно насоките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, оние деца кои имаат закажан термин за ревакцина по истекот на 6 месечниот период и натаму не смеаат да посетуваат градинка, мора да ја чекаат ревакцината.