Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

 Во првиот натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига немаше победник, во Лондон Вест Хем и Ливерпул одиграа 2-2.

Мохамед Салах во игра влезе дури во 79. минута од натпреварот. Непосредно пред да влезе на теренот, египетскиот фудбалер влезе во вербална расправија со тренерот Јирген Клоп, веројатно незадоволен што доби шанса на крајот за да го „спаси денот“.

На последните четири првенствени натпревари Ливерпул забележа само една победа, со едно реми и два порази и е сè подалеку од шампионската титула,

Арсенал води на табелата со 77 бодови од 34 натпревари, пред Манчестер сити со бод помалку и натпревар помалку. Ливерпул остана третопласиран со 75 бодови од 35 натпревари.

Трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ .

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, додека за излагачи Славица Велева ‒ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Оливера Тодороска ‒ Биро за развој на образованието, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ‒ Биро за развој на образованието, Ивана Лазаревска ‒ СУГС „Орце Николов“, Маријана Ѓоргиева-Ристевска ‒ СУГС „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети ‒ ООУ „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова ‒ ООУ „Петар Здравковски-Пенко“.

Касами: Од понеделник почнуваат преговорите за формирање влада

Градоначалникот на општина Tетово и претседател на движењето Беса дел од коалицијата „влен“, Биљал Касами вели дека од понеделник се очекува да почнат разговорите за формирање на новата влада.

-Во текот на оваа недела ќе треба да ги имаме готови работните групи, а доколку не, за време на викендот и најверојатно од понеделник да почне официјализирањето на средбите и координацијата на активностите околу формирањето на владата. Секако, кадровските прашања ќе бидат дел од втората фаза на разговори. Она што е поважно е дека оваа коалиција ќе продолжи да биде гарант за интеграцијата на земјата во ЕУ и гарант за правата на Албанците, бидејќи изборите покажаа дека го добивме мандатот на Албанците да ги претставуваме и донесуваме одлуки кои се за доброто на сите граѓани и на државата кон европската интеграција, рече денеска касами.прашан дали тој лично ќе преземе некаква функција во извршната власт, Касами одговори дека ќе продолжи со работата како градоначалник на општина Тетово.

Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката

Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ им ја честиташе победата на партијата ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски на парламентарните избори во Македонија, како и на нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова за победата во претседателската трка, јави дописикот на МИА од Белград.

– Срдечни честитки до ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за убедливата победа на парламентарните избори, како и до Гордана Сиљановска Давкова за изборот за претседател на Македонија, напиша Вучевиќ на социјалната мрежа Х.

Сигурен сум, наведе, дека во наредниот период ќе постигнеме дополнителен напредок во нашите односи.

- Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа, порача Вучевиќ.

притисни ентер