Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

11 мај - Ден на култура во сообраќајот

РСБСП се залага за изградување на систем на вредности во функција на добробит и заштита на интересите на сите учесници во сообраќајот преку зголемување на сообраќајната култура, етиката и толеранцијата во сообраќајот. 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секоја година го одбележува 11 мај – Денот на културата во сообраќајот со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување, со што ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.

Денот на културата во сообраќајот се одбележува ширум светот од 11 мај 2015 година кога во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена организација, за првпат се организираше настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. И РСБСП секоја година реализира превентивно-едукативни активности за сите категории учесници во сообраќајот затоа што секој од нив директно влијае врз одвивањето и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Сообраќајната култура претставува начин на однесување на секој учесник во сообраќајот, како и сфаќање на однесувањето на другите учесници во насока на побезбедно одвивање на сообраќајот, односно намалување на непријатните ситуации и минимизирање на сообраќајните незгоди и повредите во истите. Таа се стекнува уште од најмала возраст, а во нејзиното инкорпорирање значајна улога играат семејството и воспитно-образовните институции. Затоа РСБСП особено внимание посветува на спроведувањето на превентивно-едукативни активности за најмладите преку спроведување на кампањи за поголема безбедност, како и за едукација во врска со сообраќајните правила и прописи и одговорното однесување во сообраќајот. Кампањи и активности се реализираат за сите категории учесници во сообраќајот, а се подготвува и разновиден превентивно-едукативен материјал.

РСБСП се залага за изградување на систем на вредности во функција на добробит и заштита на интересите на сите учесници во сообраќајот преку зголемување на сообраќајната култура, етиката и толеранцијата во сообраќајот. Токму затоа, на Денот на културата во сообраќајот, РСБСП упатува апел:

„Бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. Сообраќајната култура е основен предуслов за намалување на сообраќајниот метеж, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и настраданите лица во нив. Заеднички да придонесеме за подигнување на сообраќајната култура и за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.“

Роналдо се враќа во Европа

Роналдо се враќа во Европа, шокира со изборот на клуб.

Светската фудбалска ѕвезда, Португалецот Кристијано Роналдо би можел да се врати во Европа како дел од сензационален трансфер, но, изборот на клубот е неочекуван за никого.

Скапоплатениот Португалец е несреќен во редовите на Ал Наср, а би можел да го засили новиот шампион на Германија - Баер Леверкузен.

Сензационалната вест ја објави угледниот саудиски новинар Алхаза Мухаб. Трансферот се уште не е реализиран, но би можел да биде потврден во наредните денови. Оваа вест изненади многумина, а Леверкузен би можел да се засили со еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, кој иако е во доцните играчки години, игра во неверојатна форма.

Раководството на новиот германски шампион во Роналдо најверојатно гледа идеален фудбалер за промоција на клубот во новата сезона од Лигата на шампионите.

Џафери од Пресот 100 дена Влада: Спроведовме европски избори, пред новата Влада е чист пат

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, одржа прес-конференција на којашто се осврна на работата во изминатите 100 дена, од неговиот избор за премиер и формирањето на Владата.

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, одржа прес-конференција на којашто се осврна на работата во изминатите 100 дена, од неговиот избор за премиер и формирањето на Владата, со примарна обврска да ги организира и спроведе претседателските и парламентарните избори во државата.

Во продолжение е интегрален текст од обраќањето на премиерот Џафери на прес-конференцијата:

„Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на двојните, претседателски и парламентарни избори. И оваа приоритетна обврска, доверена согласно Уставот и законите, и јас како премиер, и Владата - доследно ја исполнивме.

Спроведовме европски избори, во слободни, мирни, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. Избори што ќе се спомнуваат по тоа како може, и како треба да се сработи во интерес на граѓаните и државата. Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, којашто се стреми да биде членка на Европската Унија. Потврда на моите зборови се и честитките и изразите на почит и од нашите европски партнери.

Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт – тогаш тоа се изборите. И во оваа прилика, изразувам благодарност и до институциите и до граѓаните, затоа што беа на висина на одговорноста и придонесоа кон нашите искрени заложби - државата да напредува според европските вредности.

Токму вака, на дело, се работи за големата европска идеја. Очекувам овој правец да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство, во динамичен процес, до 2030 година. Шансата е пред државата и пред новата Влада, исто така и одговорноста!

Сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт. Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и напредно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет.

Почитувани,

Денеска, кога одбележуваме 100 дена од формирањето на Владата што ја предводам, со чист образ, мирна совест и должна почит кон сите граѓани, можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должноста, дека ќе работам во интерес на сите граѓани и на државата, го спроведов.

- Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец на Македонија е уште еден придонес во демократијата во Македонија.

- Продолживме по стратешкиот евроатлантски колосек, којшто е од највисок државен интерес. Учествував на важни меѓународни настани, со цел афирмација на стратешките евроатлантски определби. Реализирав бројни средби на значајни меѓународни настани, со високи претставници на Стејт Департментот, на државите членки ЕУ, со премиерите од Западен Балкан.

- Ги донесовме и сите други потребни одлуки од значење на квалитетот на живот на граѓаните – согласно надлежностите што ни ги овозможуваат Уставот и законите. Пред сѐ, овде мислам на решенијата што ги изнајдовме за приоритетните проблеми и во таа насока, спроведената ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата коишто беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер.

Почитувани граѓани,

За сите активности на Владата што ја предводам, може подетално да прочитате во публикацијата чиј линк ќе го добиете, а којашто претставува Извештај за првите 100 дена од работата на Владата што ја предводев“, соопштуваат од Владата.

притисни ентер