Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон.

Кристијано Роналдо летово се враќа во Европа преку шокантен трансфер?

Кристијано Роналдо може ненадејно да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа ова лето.

Ова е веста која денеска ја објави саудискиот новинар Алхаза Мутаб. Тој наведува дека Баер Леверкузен, клуб кој е апсолутна сензација во оваа фудбалска сезона, сака да го доведе Роналдо. Тоа би бил шокантен трансфер, апсолутно неочекуван со оглед на сите околности околу Роналдо, но и фактот дека Леверкузен претпочита поевтини и многу помлади играчи.

Претходно истиот новинар напиша дека Роналдо би можел да се врати во Португалија, неговата татковина, каде што ја започна својата голема кариера како фудбалер на Спортинг Лисабон. Сепак, тоа нема да се случи, пишува Мутаб дека Роналдо бил заинтересиран за враќање, но Спортинг имал други планови.

Португалецот во моментов игра многу неуспешна сезона со Ал Наср, поради што е на удар на тамошната јавност и медиумите и затоа е незадоволен и бара излез. Да потсетиме, Роналдо и соиграчите неодамна загубија во полуфиналето на Суперкупот од најголемиот ривал Ал Хилал и во првенството заостануваат 12 бода зад истиот тим.

Да потсетиме, Роналдо во декември 2022 година потпиша договор со Ал Наср на две и пол години, а неговата годишна плата е околу 200 милиони евра, а во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот. Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо во текот на договорот треба да заработи половина милијарда евра.

Маж нападнал жена во кино, не очекувал дека ќе добие ќотек од боксерски шампион (ВИДЕО)

Во шпанскиот град Леон дошло до конфликт во кино.

Како конфликтот во самото кино да не е невообичаен, уште поизненадувачки е што конфликтот се случи на проекцијата на Гарфилд, филм за деца. Сѐ започнало кога непознат маж нападнал една од жените кои биле во киното.

Пред неколку десетици сведоци дошло до расправија меѓу маж и жена, а ситуацијата ескалирала кога мажот од вербални навреди преминал на употреба на физичка сила. Прво ја фатил за врат жената со која се расправал и почнал да ја турка, а потоа продолжил да ги навредува сите околу себе.

Сето ова, за жал на насилникот, го гледаше Антонио Барул, шесткратниот боксерски шампион на Шпанија, кој ги донел децата да го гледаат филмот. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како 25-годишникот се симнува пред екранот и го предупредува насилникот да престане. Мажот потоа почнал да го навредува, а Барул потоа ги изгубил нервите и го претепа споменатиот човек.

"Тој ја фати жената за врат и почна да ѝ вика. За време на тепачката удри и девојка која била во близина. Немам ништо против да ме навредува, можам да истрпам, но потоа се свртев и ги видов моите деца како плачат. После тоа морав да го направам тоа што го направив“, изјавил Барул за Радио Марка. Засега не се знае како ќе бидат казнети мажите кои учествувале во конфликтот, но и двајцата се соочуваат со казна.

Кинески производител фрли автомобил од кран висок 32 метри (ВИДЕО)

Едно од кошмарните сценарија за многу возачи е пад на автомобилот во бездна.

Иако ова се случува исклучително ретко во секојдневниот живот, кинескиот производител на електрични автомобили Chery одлучи да го тестира својот Chery Exeed Exlantix ET. Тие со кран го кренале автомобилот на висина од 32 метри и го испуштиле.

Автомобилот паднал и со предниот дел удрил во земјата. Тестот за паѓање е екстремна проценка за безбедноста на автомобилот која симулира што би се случило доколку возилото падне од карпа. Може да ја тестира структурната сила и способноста да ги заштити патниците во екстремни услови на судир.

На видеото се гледа дека предниот дел од автомобилот е згмечен, но просторот каде се наоѓаат патниците не е премногу оштетен. Се чинеше дека и вратата може да се отвори нормално.

Chery Exeed Exlantix ET е водечки целосно електричен SUV на марката. Цените се движат од 199.000 до 329.000 јуани (од 25.500 до 42.200 евра).

Автомобилот користи батерија Shenxing од CATL која има домет од 400 km по десет минути полнење.

Во Кина денеска започна продажбата на овој модел.

притисни ентер