Мицкоски: До 28 мај коалицијата „Твоја Македонија“ може да консолидира 61 пратеник

До конститутирање на Собранието што се очекува најдоцна до 28 мај, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да стигне до 61 пратеник, најави идниот мандатар за состав на новата Влада Христијан Мицкоски. 

Тој во вчерашното „Само интервју“ откри дека веќе имало сигнали од поединци од другите коалиции кои има можност да се приклонат кон нив. Потоа, рече, веќе извесно нивни колаициски партнер ќе биде Вреди, со што очекува владино мнозинство од 74-75 пратеници, но најави разговори и со останатите партии за да се обезбеди 2/3 мнозинство неопходно за планиратени системски реформи.

За кадровските прашања и распредлебата на ресорите, Мицкоски кажа дека се уште не разговарале, но беше дециден дека очекува конструктивен дијалог со партнерите, кој ќе соодвествуваат на реалноста, а не на фантазиите.

-За жал неискуството и слабиот СДСМ ги измести работите тежиштето е изместено и н еможе никој да очекува во иднина дека повторно тоа тежиште ќе биде изместено и нашата задача е да го вратиме тежиштето таму каде што му е местото и без да биде тежиштето каде шти му еместото немда да донесеме надеж, Што е целта? Да кадежеме ние што добивме, или да направиме подобро општество за сите.

Досега министрите од ДУИ велеа дека одговарале пред Али Ахмети, а не пред премиерот ?

Таков министер јас нема да имам, нема да имам таков, кој што нема да биде отчетен пред мандатарот туку ќе биде пред друг центар на моќ и на тој начин јас нема да комуницирам со министрите,- Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски очекува разбирање од идниот коалиционе партнер и за нивната позиција поврзана со уставните измени.. Повтори дека за нив европската интеграција останува приоритет, но не под сегашните услови..

-Ако Бугарија не е подготвена на отстапки, би се свртеле кон домашната агенда и би чекале нова гарнитура во Софија, Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во интервјуто децидно отфрли било каква можност за идна соработка со ДУИ и актуелното раководство предводено од Али Ахмети. Во однос на неговата порака, дека треба да ги почитува резултатите од изборите за да има мир и стабилност во државата, Мицкоски нагласи дека е подготвен на секакви сценарија од страна на ДУИ.

-Очекуваме се, имаме информации што се таму се збори се планира и т.н. нас не ни преостанува ништо друго освен како идна влада доколку има таков тип на протести насилни да ги обезбедиме инстиутиците и системот да функционира и сме подготвени за тоа и тука не треба да се грижат граѓаните ние сме подготвени да одговриме на секој еден насилник, - Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски очекува новата влада да стапи на функција во втората половина на јуни.

Избран е најдобриот фудбалер во Бундеслигата

Флоријан Вирц (21) од шампионот Баер Леверкузен е избран за играч на сезоната во Бундеслигата, откако играчот од средниот ред му помогна на својот клуб да ја освои титулата, објави Германскиот фудбалски сојуз.

За наградата одлучуваат гласовите на навивачите (40 проценти), клубовите (30 проценти) и експертите (30 проценти).

Леверкузен е првиот тим што ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз и се уште е непоразен во сите натпреварувања оваа сезона, односно на 51 натпревар. Виртц, кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, имаше 11 гола и 12 асистенции во Бундеслигата или 18 гола и 20 асистенции на 47 натпревари во сите натпреварувања.

Меѓу другото, тој дојде од клупата за да постигне хет-трик во победата од 5-0 над Вердер Бремен во април, со што Баер ја освои титулата во Бундеслигата на пет кола до крајот. Тимот од Леверкузен на чело со тренерот Чаби Алонсо сезонава може да ја освои тројната круна бидејќи ги очекува финалето во Лига Европа против Аталанта и финалето од Купот на Германија против Кајзерслаутерн.

Настапите му донесоа на 21-годишниот Вирц три награди за играч на месецот оваа сезона. Тој исто така беше именуван во прелиминарниот тим на Германија за Евро 2024, постигнувајќи го единствениот гол во победата на Германија со 1-0 над Франција на пријателскиот натпревар во март.

Според Трансфермаркт, сајт специјализиран за проценка на вредноста на фудбалерите, Виртц вреди 110 милиони евра. Како што се наближува трансфер рокот, светските медиуми пишуваат како најголемите европски клубови сакаат да го доведат. Тој има договор со Баер до летото 2027 година.

Избори во Индија: Комисијата патувала 7 часа за да може да гласа семејство, помогнала војската

Пет луѓе од исто семејство во зафрлено хималајско село денеска гласаа на изборите во Индија на сопствено избирачко место, откако официјалните лица патувале седум часа за да им дозволат да го дадат својот глас, позајмувајќи ја струјата од војската.

Вчера, официјалните лица ја подигнале опремата за гласање во Лех, главниот град на хималајската федерална територија Ладах, и се качија во автобус за 180-километарското патување до Варша, каде единствените гласачи беа 23-годишната Ринчен и нејзините родители и баба и дедо. .

Лоциран на околу 20 километри од глечерот Сијачен, бојното поле на највисока височина во светот каде Пакистан и Индија се судираат со децении, Варши е достапен по пат, но нема струја, нема интернет и нема амбуланта.

Кога генераторот што го носеле се расипал, службениците се обратиле до индиската армија за помош.

„Оваа област е единствена. Владата отвори избирачко место само за една куќа“, рече претставникот на изборната комисија Фончок Стобдан.

Ринхен, која сега првпат гласа, се надева дека нејзиниот глас ќе помогне и да се реши проблемот со недостигот на инфраструктура.

Индија гласа во седум фази на изборите кои започнаа на 19 април, а треба да завршат на 1 јуни.

Денеска штотуку започна петтата фаза од гласањето.

Во Тексас се собрале 706 мажи со име Кајл, но недоволно - рекордот останува во Босна (ВИДЕО)

Уште еден обид на градот Кајл во Тексас да го собори светскиот рекорд за најголем собир на луѓе со исто име не успеа и покрај тоа што 706 мажи по име Кајл од сите возрасти се појавија во парк во предградието на Остин.

Рекордот го држи градот Купрес во Босна, кој собра 2.325 Ивани во 2017 година, според Гинисовата книга на рекорди, пренесе АП.

Ова не е прв пат мажите по име Кајл да се обидат да го победат Иван.

Минатата година, во градот кој се наоѓа на околу 90 километри јужно од Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас, се собраа 1.490 мажи по име Кајл.

Кајл не е едно од најпопуларните имиња во САД, според Администрацијата за социјално осигурување, која годишно ги следи имињата што им се даваат на девојчињата и момчињата во секоја американска држава.

Најновите податоци покажуваат дека Кајл бил рангиран на 416-то место меѓу машките имиња во 2023 година, додека Иван, за споредба, бил рангиран на 153-то место.

притисни ентер