Едно лице повредено во синоќешното невреме во Скопје

Имаме неколку оштетени покриви на станбени згради. Имаме околу 50 паднати дрвја на различни локации на нашиот град. 

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција информира дека во синоќешното невреме кое го зафати главниот град е повредено едно лице и оти се предизвикани материјални штети на „Партизанска", на потегот меѓу мостот Обединети нации и „Сити мол".

Шилегов информира дека сериозно е оштетен покривот на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска" и делумно оштетување имало и во Гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин".

– Имаме неколку оштетени покриви на станбени згради. Имаме околу 50 паднати дрвја на различни локации на нашиот град. Имаме неколку паднати фасади од проектот „Скопје 2014". Во средното хемиско училиште денеска нема настава. Во моментов службите работат на расчистување на теренот, вклучувајќи го тука и јавното претпријатие „Улици и патишта", рече Шилегов.

На новинарско прашање зошто покривот на хемиското училиште не бил сменет, иако училишетото минатото лето беше реконструирано, Шилегов одговори дека реконструкцијата на покривот е извршена во 2009 година и сметале дека нема потреба толку брзо повторно да се прават интервенции.

– Покривот на средното хемиско училиште бил реконстуиран во 2009 година, од Министерството за образование под тогашно водство на Никола Тодоров. Проценката беше дека нема потреба да се санира нешто што неодамна било направено. Ние таму ја реконструиравме фасадата, односно ја направивме енергетски ефикасна. Очигледно е дека има разлика во нашата работа и во работата на проектите од Скопје 2014 годсина, кои не го издржаа невремето, истакна Шилегов.

Репортажа од Војница, село кое пред секои избори добива по 1 километар асфалт на земјениот пат

Канал 5 и денеска го продолжува циклусот на приказни за избирачки места со симболичен број гласачи.. 

На 15-тина километри од Велес во општина Чашка е родното село на поетот Коле Неделковски селото Војница, револуцинерното јадро на македонските одреди кои се бореле за слобода. Симбол на борбеност решителност и слобода. Денеска селото Војница на избирачкиот список е местото со две избирачки места каде право на глас имаат 18 гласачи. Во избирачкото место 2237 и 2238 гласаат жителите на Војница и Крајници.

Гласичките места се во спомен куќата на поетот Коле Неделковски. Во малата соба стојат спомените за неговиот живот и борба. А на зидот стои и фотографијата каде Неделковски го дал својот живот за слобода. Дел од куќата е во лоша состојба ја одржуваат добронамерници од селото. До пладне имаше гласано еден гласач. Васка Мирчевска живее во селото. Да помине жештината и ќе гласа вели правото треба да се исполни но и политичарите треба да мислат на сите граѓани. А природата и историјата може да бидат место каде ќе живеат и луѓе ќе имаат и работа. Во селото има безброј куќи, но луѓе малку.

Голем дел ги користат како викенд куќи. А најголем дел од куќите сведочат за времето кога имало живот, а денеска останале само спомени.

Селото се наоѓа од левата страна на патот Велес Чашка и од овој пат до селото има седум километри. Од делот од асфалат скоро еден километар има земја. Токму за овој дел од патот веруваат дека до следните избори ќе биде асфалитран и ветувањата со години ќе бидат целосно исполнети.

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно е да излезат над 725 илјади граѓани..

Колку актуелната излезност е индикатор дека ќе се исполни цензусот, анализира Јован Ѓорговски, кој ќе направи и паралела за одѕивот на денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Јован, што вели денешниот тренд, ќе ја имаме ли неопходната излезност за изборите за шеф на државата?

МВР: Мирен изборен ден со помали инциденти и нерегуларности

Генерално мирен изборен ден нотираат и од МВР и од Јавното обвинителство..

Со деталите од пред Министерството за внатрешни работи во живо го имаме Михајло Видимлиски..

Михајло, која е општата оценка на МВР денеска?

притисни ентер