Заев: БЕСА првата албанска партија која го надмина концептот за постизборни калкулации со гласовите

СДСМ и Движењето БЕСА денеска во Музејот на современа уметност го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на изборите. 

Движењето БЕСА е првата албанска партија, која го надмина амортизираниот концепт – етничките гласови да се употребуваат како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалиции, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по официјализирањето на предизборната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република С. Македонија, пак од своја страна, го оцени Биљаљ Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

СДСМ и Движењето БЕСА денеска во Музејот на современа уметност го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на изборите. Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата, но носителите на изборните листи. Тие денеска потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

-Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделба заминува во историјата. Денес моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаат само на своите или само на етничкиот кампус е поразен, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека во семејството на полноправни членки на ЕУ и НАТО се влегува со дела и визија и додаде дека на изборите во 2016 година СДСМ била првата македонска партија, која со своите принципи привлече десетици илјади албански гласови.

-Но ова е еден посебен чин, нов историски момент за демократијата и за плурализмот. СДСМ денеска ја објавува предизборната коалиција со Движењето на БЕСА. Со овој наш чекор го чекор мултиетничкиот карактер на Република С. Македонија го претпочивме во конкретна програма, рече Заев.

Додаде дека работат на градење општество кое се крепи на еднаквост, правичност, општество за младите, старите, за Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, жените, мажите…

Најави дека се сигурни победници на 12 април. – И тоа секому му е јасно, оваа коалиција на 12 април ќе освои сериозни и сигурно мнозинство за формирање влада. Тоа е јасно и на нас и на нашите политички опоненти, рече Заев.

Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република С. Македонија, го оцени Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

-Денеска е важен и историски ден за сите граѓани на Република С. Македонија. За прв пат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија, и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја, рече лидерот на БЕСА.

Нагласи дека со денешниот договор меѓу Движењето БЕСА и СДСМ, очекуваат албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат активен член на владејачката коалиција.

-Оваа коалиција е продолжение на возот на НАТО, кој ќе не зачлени и во ЕУ, додаде Касами.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

притисни ентер