Уапсена терористичка група во Германија - Планирале напади на политичари , азиланти и муслимани

Во полициска акција против десничарски екстремизам, спроведена денес во шест германски сојузни провинции, уапсени се 12 лица осомничени за припадност на терористичка група.

Полициската операција е извршена на 13 локации, а претресот започнал во домовите на пет лица претходно познати на властите, соопштија од обвинителството во градот Карлсруе.

Групата била под истрага под сомнение дека планирала напади врз политичари, баратели на азил и муслимани. Ваквите планови, според истражителите, сè уште не добиле конкретна форма.

Другите се осомничени за поддршка на јадрото на групата и, наводно, се согласиле да обезбедат финансиска поддршка,за да добијат оружје или помош при извршување на нападот.

Дванаесетте уапсени ќе бидат изведени пред судија денеска или утре за да се одлучи дали остануваат во притвор.

Полициската акција била спроведена во провинциите Баден-Виртемберг, Баварија, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд-Палатинат и Саксонија-Анхалт, со цел да се соберат дополнителни докази.

Поднесено обвинение за точење алкохолни пијалоци на дете

Во Основното јавно обвинителство Кавадарци во моментов се постапува по повеќе предмети за лица кои не ја почитувале законската забрана за точење алкохол на деца.​

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 53-годишна жителка на Кавадарци и против правното лице Друштво за услуги и трговија ПАКО-ПРОМ Пане ДООЕЛ увоз – извоз Ваташа – Кавадарци за сторено кривично дело – точење алкохолни пијалоци на дете.

Обвинителството утврди дека обвинетата, вработена во обвинетото правно лице, на 28 декември 2019 година околу 16:30 часот на оштетеното дете на возраст од 15 години, продала шест шишиња од по 2 литри вино, едно шише од 1 литар жесток пијалoк – текила и едно шише од 1 литар жесток пијалoк – вотка.

Надлежниот обвинител му предложил на судот обвинетите да ги огласи за виновни и да им изрече кривична санкција како и казна – забрана за вршење дејност.

-Постапката против обвинетите е поведена по допрен глас, откако за стореното кривично дело обвинителството дојде до сознанија, истражувајќи друг кривично-правен настан, во кој купениот алкохол го консумирале повеќе лица на возраст од 15 до 18 години. При што едно од лицата, на возраст од 18 години, во алкохолизирана состојба се самоповреди со нож, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Кавадарци во текот на изминатите неколку месеци, во соработка со ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, спроведуваше едукативни средби со претставници на правни друштва, меѓу нив и на угостителски објекти, кои што продаваат алкохолни пијалоци. При средбите јавен обвинител ги истакна негативностите од продавање алкохол на деца и одредбите од Кривичниот законик каде истото е предвидено како кривично дело, за што беа најавени зачестени контроли од надлежните институции. Во Основното јавно обвинителство Кавадарци во моментов се постапува по повеќе предмети за лица кои не ја почитувале законската забрана за точење алкохол на деца.​ /МИА

Претседателот и генералниот секретар на СДСМ во посета на Виница

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски денеска престојуваа во Виница, при што остварија посета на локалната самоуправа и на прехранбената компанија „Макпрогрес".

На средбата со градоначалникот на Виница Ивица Димитров и со претседателот на општинскиот Совет Тони Велков се разговараше за развојните цели на општината и регионот, а посебно за поддршката во развојот на локалните компании. Според Заев, вниманието на државата и во иднина ќе остане насочено кон домашното производство, со очекување на нов финансиски импулс од ЕУ.

– Целиот изминат период на сериозни и храбри политички одлуки отвора нови перспективи што досега беа затворени за домашното стопанство, а тоа се долгоочекуваните европски структурни и кохезиони фондови. Ова за Западен Балкан значи 14 милијарди евра, а за Република Северна Македонија се околу две милијарди евра, најчесто за економски прашања и политки. Тоа ќе даде придонес во јакнењето на целокупниот економски стандард. Компанијата „Макпрогрес" од Виница е наша гордост и потврда за успешно работење, со оглед што 90 отсто од нејзиното производство оди за извоз и на државата ѝ носи девизни приливи. Затоа и во иднина ќе останеме насочени кон домашното производство кое е најсилна гаранција за раст на економскиот стандард на граѓаните, истакна Заев.

При посетата на компанијата „Макпрогрес" беше нагласена определбата за зголемување на извозот и унапредувањето на квалитетот на работната сила, за што ќе се инвестира во обука и стручна надградба.

– Годинава одбележуваме 30 години од постоењето и планираме наесен овој јубилеј да го крунисаме со отворање на Институт за развој на прехранбени технологии во кој ќе можат да се вклучат сите млади луѓе, стартап-бизнисите и стручни лица од прехранбениот сектор во државата. Целта е да ја развиваме оваа индустрија и да достигнеме што повисоко ниво, а од државата очекуваме да креира политики за подобрување на состојбите. Сакаме да ги задржиме младите луѓе и да ги унапредиме условите за работа, со подобри плати, а со тоа да имаме бенефит и за компанијата, и за општеството во целина, истакна Глигор Цветанов, директорр на „Макрпогрес".

Градоначалникот на Виница Ивица Димитров нагласи дека токму „Макпрогрес" со своите 780 вработени е пример за успешно работење што треба да го следат и другите компании, пред сè во создавањето услови за нови работни места и за задржување на работната сила. /МИА

Непрописно паркирање на Водно за викенд ќе се санкционираа

Градските комунални редари, се вели во соопштението на Град Скопје, изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела).

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, информираат од Град Скопје.

Градските комунални редари, се вели во соопштението на Град Скопје, изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела).

-Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари за време на викендите на Водно не се создава сообраќаен  метеж, а посетителите имаат оптимални услови за рекреација", се наведува во соопштението на Град Скопје.

Воедно лани Град Скопје воведе две нови автобуски линии – автобусот со број 25А тргнува од пред катната гаража „26 Јули" на улицата Свети Кирил и Методиј, а автобусот со број 25Б – од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат). Овие две автобуски линии до Средно Водно се бесплатни за време на викендите и државните празници, а во овие денови бесплатно е и паркирањето во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Возниот ред на овие две автобуски линии може да го пронајдете на следната интернет врска: http://www.jsp.com.mk/VozenRedGen.aspx

-Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг" воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а непрописното паркирање се санкционира", информираат од Град Скопје.

Дополнително Град Скопје им препорачува на  граѓаните да ги искористат сите овие поволности и овој викенд да ги остават автомобилите во катната гаража „26 јули" и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат) и со автобус да се качат бесплатно на Водно. /МИА

притисни ентер