Заев на Ал Џезеира: Кога опозицијата зема право тогаш презема и одговорност, а тоа е обезбедување на фер, демократски и регуларни избори

Како држава поминавме низ еден тежок период.

Период на криза и од особено значење во тој период беа извештаите и насоките на Прибе и неговиот тим кој ја следеше состојбата во нашата држава.-истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во Телевизија Ал Џезеира Балканс.

Тој посочи дека денес во С.Македонија законот важи за сите граѓани подеднакво, а од особено значење е транспарентноста и вклученоста на граѓаните како контролори на судството. Владеењето на правото и важењето на законите за сите подеднакво е од пресудно значење за сите граѓани .-истакна Заев.

Во 2016 година и преку извештаите на ЕК беше констирано дека за време на изборите во Северна Македонија постоеше хибриден режим кој ги имаше окупирано сите институции, како национална телевизија , јавното обвинителство, изборните комисии и слично. Тогаш како опозиција побаравме да имаме Специјално јавно обвинителство , главен уредник на националната телевизија и техничка влада.-посочи Заев.

Претседателот Заев посочи дека техничка влада има и сега во нашата држава иако СДСМ е на власт, но претставува големо искуство со кое и опозицијата и власта имаат гаранција дека изборите ќе бидат фер, демократски и регуларни. Кога опозицијата зема право тогаш презема и одговорност. Важно е да има закон за избори кои сите ќе го поддржат, затоа што низ него се вградуваат сите елементи кои учествуваат во изборниот процес.-истакна Заев.

Најголемото демократско право е правото на глас и фер и демократски избори. Веерувам дека секоја земја која се декларира како демократска мора да има законодавство. Заев посочи дека моментално во нашата држава се носи Изборниот закон во кој треба да бидат вклучени препораките на ОДИХР, заедно власта и опозицијата, да направат изборна регулатива и изборен процес во кој веруваат сите.

С. Македонија е мултиетничка држава и посебно сум горд на тоа, денес е ново време кога повеќе не важно дали сме Срби, Македонци, Бошњаци и друго, важен е концептот кој што го поставивме, а тоа е „едно општество за сите граѓани".-истакна Заев.

Центар за комуникцаии со јавноста на СДСМ

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер