Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повтори грешките со Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повторува грешките од Сирија.

Како што пренесе агенцијата Анадолија,Ердоган ова го кажал на церемонијата на отворање на новите објекти од турско-германскиот универзитет во Истанбул, на која беше заедно со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во пресрет на неговата средба со меркел, турскиот претседател кажа дека темата за Либија, како и другите регионални прашања, ќе бидат ставени на масата за разгледување, паралелно со турско-германските билатерални односи.

Турскиот лидер истакна дека атмосферата на хаос во Либија ќе го засегне целиот средоземноморски басен. Според него, напорите за постигнување мирно решение во Либија треба да бидат забрзани за повторно да не соберат сили терористичките групи, како исламска држава и Ал Каеда.

Четири лица загинале во судир на два авиона во Австралија

Несреќата се случија 120 километри северно од Мелбурн.

Четири луѓе загинале откако два мали авиона се судриле во воздух над Мангалоре, околу 120 километри северно од Мелбурн.

Според првите информации, еден во еден од авионите се возеле пилот специјализант и инструктор. Тој авион полетел од аеродромот Мангалоре малку пред судирот, кој се случил во 11:25 часот.

Другиот авион полетал од друг аеродром. Рекол полицискиот инспектор на Викторија Питер Когер.

-Не сме сигурни зошто двата авиони се нашле на иста патека или зошто се наоѓале на тоа подрачје, но, за жал, се судриле во воздух, рекол инспекторот Когер.

Портпаролот на Управата за безбедност на цивилната авијација рекол дека во инцидентот учествувале авион „Piper Seminole“ регистрирал од школата за летање „Moorabbin Aviation Services“ и „Beechcraft Travel Air“ регистриран од приватен сопственик.

Пендаровски прими претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво

 Претседателот на  Македонија Стево Пендаровски денеска ги прими Иван Џепароски, Љупчо Митковски и Љубомир Гајдов, претставници на Институтот за филозофија и Филозофското друштво.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, соговорниците го запознале Пендаровски со нивните проблеми и предизвици, со иницијативите и актуелните проекти за нивното надминување, како и со визијата и стратегијата за реформа, афирмација и промоција на филозофското образование.

На средбата била нагласено дека филозофијата ги учи младите да размислуваат методски и ги воведува во моралните и естетските вредности.

Претседателот Пендаровски ја нагласил потребата од натамошно негување на креативното изразување, како и неопходноста од поттикнувањето на критичката и филозофската мисла, како значајна придобивка и еден од основните предуслови за развивање на демократските капацитети на секое општество.

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Колев и Љупчо Ристовски

Вечерва ви носиме две спротивни во единствената ваша и наша Само Вистина со двајца лидери на две новоформирани партии Петар Колев од ГДУ и Љупчо Ристовски од Интегра.

Драги сограѓани, црни, бели и оние накај сиво, дали пролетното сонце во февруари навестува жешка политичка пролет, на мартовскиот самит ќе го добиеме заслуженото или и овој пат ЕУ ќе не’ прескокне, вечерва ви носиме две спротивни во единствената ваша и наша Само Вистина со двајца лидери на две новоформирани партии Петар Колев од ГДУ и Љупчо Ристовски од Интегра.

„Бомбата“ на Милошоски, или обвинителниот акт на Рускоска, што ќе им донесе правда и подобар живот на граѓаните?

Кој треба да им даде ветер во грб на малите партии за да се пробијат на политичката сцена?

Колев е на став дека македонците треба да го гледаат минатото со реални очи, без фрустрации и да ги прифатат историските вистини онакви какви што се. Ристовски контра Колев, ако формира влада, за 100 дена ќе го врател името Македонија.

Дали навистина НАТО „виси“ ако се чепне договорот од Нивици?

На чекор до седнување на 30-тото столче во НАТО, Ципрас наговестува дестабилизација на Балканот ако Македонија и Албанија не добијат датум за преговори со ЕУ, кој манипилира, а кој ја говори вистината, вечерва Петар Колев и Љупчо Ристовски, во „Само Вистина“ само на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер