Челниците на ЕУ го потпишаа Брегзитот!

Претседателката на Европската комисија Урсула ВоN Дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска го потпишаа договорот за излегување на обединетото кралство од Европската унија следната недела.

Церемонијата на потпишување, која е претпоследен чекор во Брегзитот, се одржа без присуство на медиумите.

„Работите неизбежно се сменија, но нашето пријателство останува. Почнуваме ново поглавје како партнери и сојузници“ напиша Мишел на  твитер.

Тој објави и фотографии на кои се гледа дека на церемонијата присуствувал и преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барниер.

Екс министерката Јанкуловска сведочи во „Монструм“

Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која денеска сведочи на рочиштето за Монструм.

Судењето доби и тензичен тек. Рочиштето го следи Михаела Димовска.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Заловена втора женка рис близу Стража

Тимот што работи на зачувување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво (МЕД) на 12 февруари со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража.

Како што соопшти МЕД, се работи за здрава женка, веројатно на возраст од 2-3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката се преземале стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба на единката. За време на постапката, присуствувале претставник од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и ловџии од ловното друштво „Сокол-З" од село Зајас. Потоа рисицата била пуштена на слобода.

– Ова е втора рисица (по Маја, што ја следевме во 2017 и 2018 година) што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење. Со ова го збогатуваме нашето знаење за распространувањето на рисот, и за неговите потреби од храна и живеалиште. Рисицата претходно беше снимена лани на истиот локалитет со помош на фотозамки. Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите податоци со помош на следење GPS-сигнал, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето – срндак уловен пред 4-5 дена, изјави Диме Меловски, од Македонско еколошко друштво.

Ловџиите од ловното друштво „Сокол-З" одлучиле рисицата да ја крстат Нарциса.

– Нарциса, ти посакуваме богат плен и голем пород. Од 2010 година па наваму, МЕД има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со кои стекнавме вредни податоци за однесувањето на ова таинствено животно кои ни даваат податоци за нивно правилно зачувување. На Балканот се проценува дека има уште 40 возрасни единки на балкански рис, што според Меѓународната унија за зачувување на природа (IUCN) е животно со критично загрозен статус, стои во соопштението од МЕД./МИА

Македонија на 40-то место во светот според грижата за децата

Македонија е рангирана на 40-тото место во светот според грижата за децата, покажуваат податоците од Извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), медицинското списание „Ланцет" и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Документот насловен „Иднината за децата во светот", почнува со поразително тврдење дека ниту една држава не го заштитува адекватно здравјето на децата, нивното опкружување и нивната иднина.

– Здравјето и иднината на секое дете и млад човек во светски рамки е под закана од влошување на екологијата, климатските промени и експлоатациски маркетиншки практики, кои ги поттикнуваат на конзумација на брза храна, засладени напитоци, алкохол и цигари, се наведува во Извештајот.

Земјите се рангирани според индекс, утврден врз основа на показателите за здравјето и богатството во 180 држави, како и идните закани за благосостојбата на децата, дополнети со податоците за емисиите на штетни гасови.

Како земја која најногу се грижи за децата е посочена Норвешка, а по неа следуваат Јужна Кореа, Холандија, Франција, Ирска, Данска, Јапонија, Белгија, Исланд, Велика Британија, Луксембург и Сингапур. Според извештајот, последнорангирана е Централноафриканската Република.

Од земјите во регионот Словенија е рангиранана 25-то место, Грција на 31-во, Црна Гора на 34-то, Босна и Херцеговина на 38-мо, Бугарија на 45-то, Србија на 48-мо, Турција на 60-то и Романија на 80-то место.

Еспертите што го изработиле Извештајот велат дека најсиромашните држави треба да поминат долг пат, за да обезбедат услови за здрав живот на децата. Од друга страна, богатите земји, ја загрозуваат иднината на сите деца со загадување на природата преку испуштање емисии на штетни гасови, како јаглерод, што доведува до промена на климата и еколошка катастрофа.

Во извештајот се потенцира дека ниту една држава не постигнала добри резултати по параметрите за развој, одржливост и правда за децата. /МИА

притисни ентер