Ново зеленило во дворот на гимназијата Никола Карев

Град Скопје аплицираше на јавниот повик на Владата за реализација на оваа програма со проекти за озеленување на средните училишта во Скопје и доби средства во висина од околу 2,8 милиони денари.

Градоначалникот Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска одржаа прес-конференција во дворот на СУГС „Никола Карев“, кое е едно од трите средни градски училишта чии дворови се озеленети со средства од Програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година.

Град Скопје аплицираше на јавниот повик на Владата за реализација на оваа програма со проекти за озеленување на средните училишта во Скопје и доби средства во висина од околу 2,8 милиони денари, со кои ги уредуваме училишните дворови на три средни училишта. Најголемиот двор е во Никола Карев со површина од вкупно 7.000 метри квадратни, во Корчагин двор со површина од околу 1.500 квадратни метри и во Димитар Влахов површина од околу 1.000 квадратни метри каде што целосно е обновено зеленилото и е поставен систем за наводнување, што ги прави лесни за одржување-рече Шилегов.

Тој додаде дека на овој начин се реализира концептот на Градот сите дворови на средните училишта да станат мини паркови и се надева дека во некои подобри времиња кога ќе се намали деструктивноста кај граѓаните, ќе се отстранат оградите на средните училишта и ќе се користат како јавен простор.

Борбата со аерозагадувањето е перманентна, борбата со аерозагадувањето е секојдневна, мерките се најразлични, вклучувајќи и ваков вид на зеленило, како и на зеленилото што кога ќе стане потопло, исто така, ќе се засади во овој двор. И само со посветена и заедничка соработка на единиците на локалната самоуправа, Градот Скопје, Министерството за животна средина, Владата и граѓаните можеме да успееме во таа битка - нагласи Шилегов.

Буркина Фасо ги забрани Би-Би-Си и Гласот на Америка поради известување за масовни гробници

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците Би-Би-Си и Гласот на Америка на две недели поради нивното известување за масовни гробници.

Би-Би-Си и Гласот на Америка објавија податоци од извештајот на Хјуман рајтс воч за масовни убиства на цивили од страна на вооружените сили на земјата.

Според извештајот објавен од ХРВ вчера, војската убила околу 223 цивили, меѓу кои 56 деца, во селата за кои верувале дека соработуваат со бунтовниците.

Портпаролот на владата на Буркина Фасо, Тонсир Мирјан Корин Сану, рече дека двете радио станици ќе бидат суспендирани на две недели и ги предупреди другите медиуми да избегнуваат известување за тие случувања.

ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“

Европската комисија донесе одлука за прогласување на веб страницата за електронска трговија со седиште во Сингапур, „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“ согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквата одлука е донесена откако е утврдено дека „Шејн“ во просек месечно има над 45 милиони корисници во ЕУ, што е услов една интернет страница да добие статус на „многу голема онлајн платформа“.

Согласно оваа одлука, најдоцна до крајот на август „Шејн“ ќе мора да се усогласи со строгите правила што важат за „многу големите онлајн платформи“ согласно Законот за дигитални услуги, како што се засилување на мерките за заштита на корисниците, вклучително и на малолетниците и соодветна проценка и ублажување на сите можни системски ризици кои произлегуваат од нејзините услуги, како што се ширење на илегални содржини, продажба на фалсификувани или забранети стоки и заштита на брендови и интелектуална сопственост.

Врз основа на ДСА, Европската комисија на 25 април минатата година прогласи 19 веб страници, социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за е-трговија за „многу големи онлајн платформи“, кои до крајот на август мора целосно да се усогласат со строгите правила на Законот што се предвидени за платформите со ваков статус .

Дополнително, ист статус Еврокомисијата на 20 декември 2023 година им го додели на уште три сајтови, кои треба да се усогласат со ДСА до крајот на месецов.

Со најновата одлука, статус „многу големи онлајн платформи“ имаат вкупно 23 сајтови, социјални мрежи, пребарувачи и страници за е-трговија и тоа „АлиЕкспрес“, „Амазон“, „Бинг“, „Букинг“, „Википедија“, „Гугл Мапс“, „Гугл Плеј“, „Гугл Срч“, „Гугл Шопинг“, „Еп Стор“, „Заландо“, „Икс“, „ИксВидеос“, „Инстаграм“, „Јутјуб“, „Линкедин“, „Пинтерест“, „Порнхаб“, „Снепчет“, „Стрипчет“, „ТикТок“, „Фејсбук“ и „Шејн“.

Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија

Шведската елитна лига нема да воведе систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалските клубови го изразија своето противење на технологијата, изјави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Шведска (SvFF), Фредрик Рајнфелд.

ВАР постојано е во центарот на контроверзи во лигите каде е воведен, со поплаки поврзани околу обемната анализа и одложувањата кои често траат неколку минути.

Во јули 2023 година, шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии, порача дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.

„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и две области кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР“, изјави денеска Рајнфелд, кој е поранешен премиер на Шведска, за весникот Афтонбладет.

„Ние го почитуваме тоа. Затоа на претходниот состанок на Претставничкиот комитет воопшто не изнесовме предлог за ВАР и не го предвидувам тоа ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на игра“, истакна првиот човек на шведскиот фудбал.

притисни ентер