Девојка , УФЦ борец, има проблеми откако претепала крадец

Бразилката Полјана Вијана (27) ја презеде правдата во свои раце пред една година.

Додека чекала Убер пред нејзиниот дом во бразилскиот град Рио де Женеиро, маж вооружен со лажен пиштол и ’се приближил и се обидел да и го украде мобилниот телефон.

Крадецот не знаел дека Вијана е УФЦ борец , која со три удари го совладала . Девојката го држела крадецот се додека не пристигнала полицијата. Мажот прво бил однесен во болница, а потоа во полиција, а Вијана го пријавила целиот инцидент.

„Се сеќавам на сè. Беше како вчера“, изјави Вијана за Си-Ен-Ен. „Славата не траеше долго, а луѓето сè уште ме прашуваат за тоа“.

Медиумите ширум светот ја објавија пресметката на Вијана со нејзиниот напаѓач и приказната стана вирална сензација. Фотографии од страницата, на кои се гледа повредениот крадец, наводно направени од самата Вијана, се појавиле и на Инстаграм профилот на претседателот на УФЦ, Дане Вајт.

Вијана се обиде да го искористи вниманието на медиумите за да им испрати порака на другите жени, но доби критики. Некои тврдат дека нејзината постапка во ситуацијата не се препорачува. "Мислев дека е супер да им покажам на жените дека можам да се бранам, но добив многу критики. Ги игнорирав повеќето од критиките. Мојот живот беше во прашање и чувствувам дека сум ја направила вистинската работа. “, изјави девојката.

Полицискиот оддел во Рио де Женеиро конечно сега го класифицирале инцидентот како обид за грабеж.

Сакал да помине под поплавен подвозник , па морал да ползи низ прозорецот (ВИДЕО)

Возачот на „Шевролет“, кој сметал дека може да помине под поплавен подвозник, се заглави и мораше да биде спасуван од полицијата.

Снимката за неговиот неславен чин, што се случи на 6 февруари во Јужна Каролина, се појави пред една недела на Вирал Хог, каде што предизвика бројни реакции. На видеото, снимено од возач кој не се осмелил ниту да се обиде да помине, може да се види црвен Шевролет кој вози до половина пат, а потоа веќе не може да мрдне.

Возачот тогаш, полека исползил низ прозорецот, додека камионот продолжил да тоне.

"Што би бил светот без будали?" е само една од реакциите под видеото.

Новиот партнер ја претепа поранешната вереница на боксерот Кличко

Брајан Хикерсон, сегашниот партнер  на американската актерка Хајден Панетиер, најпознат по улогата во ТВ серијата „Херои“, е уапсен на 14 февруари за семејно насилство.

Полицијата била повикана на адреса во Џексон, Вајоминг откако пијаниот Брајан Хејден ја удрил актерката со  затворена тупаница во лице.

Актерката го избркала надвор од куќата и ја заклучила вратата, а полицајците го нашла како талка по дворот.

Двојката, наводно, се расправала во спалната соба, а потоа проблематичниот агент за недвижнини ја нападнал актерката - се вели во полицискиот извештај дека лицето на Хајден било црвено и отечено кога пристигнале за интервенција, а тој имал гребнатини и отоци на левата рака , објавија таблоидите.

„Не сакам да бидам обвинет за некои с**ња“, викна пијаниот Брајан, на кого ова не е прв агресивен испад.

Тој бил уапсен минатиот мај за напад на актерката во Лос Анџелес, но случајот никогаш не доби судски епилог, бидејќи Панетиер одби да сведочи против насилниот партнер.

Хајден и Брајан се во врска околу година и пол. Актерката претходно беше во врска со боксерот Владимир Кличко (43), со кого ја има петгодишната ќерка, Кеј.

Халид Бешлиќ се расплака среде промоција , кога ги спомена покојните колеги (ВИДЕО)

Босанскиот пејач Халид Бешлиќ, плачеше на промоцијата на неговиот нов албум Требевиќ.

Пејачот се присети на неговите покојни пријатели Даворин Поповиќ и Мирза Делибашиќ, па не можеше да ги задржи солзите.

„Секоја чест на другите, но најмногу ми недостасуваат овие два лика“, рече Халид, бришејќи ги солзите.

Промоцијата на албумот „Требевиќ“ се случи на последната станица на жичарницата во Сараево, односно на истоимената планина со албумот. Бешлиќ пристигна со жичарница на промоцијата, а голем број пријатели, соработници, колеги и членови на семејството му се придружија на прославата .

„Не можев да замислам подобар и поубавден. Ова е одлична промоција! Прв пат ми е да се возам на жичарницата по 30, 40 години“, рече Халид.

Заедно со албумот, Халид Бешиќ премиерно го претстави и новиот спот за песната Требевиќ.

притисни ентер