Високиот суд во Хирошима и забрани на компанијата за електрична енергија „Шикоку“ да го користи реакторот на југозападниот остров Иката. Ова е втора наредба против употребата на реакторот бр. 3 во таа електрана.
Со тоа високиот суд ја поништи пресудата на понискиот суд.
Претседателот на судот Казутаке Мори во пресудата рече дека не може да ја исклучи можноста за активен дефект во близина на нуклеарната централа. Компанијата за електрична енергија „Шикоку“ не ја испитала доволно можноста за ризик во радиус од два километри од електроцентралата, додаде Мори.
Судијата, исто така, посочи на грешка на Агенцијата за нуклеарна енергија (MRA) во процесот на издавање дозвола за продолжување со работа на електраната.
Електраната беше исклучена од дистрибутивната мрежа поради инспекција и требаше да биде вклучена во април. Компанијата одлучи да ги затвори останатите два реактори во електраната.
Тројца жители на соседната префектура Јамагучи поднесоа жалба во март минатата година на одлука на локалниот суд кој го одобри продолжувањето на работењето на третиот реактор.
Денешната пресуда на високиот суд е тежок удар за Владата на премиерот Шинзо Абе, која сакаше да ги реактивира реакторите. Исто така, ја поништи одлуката на NRA да продолжи со работа спорниот реактор.
НРА е основана по најсериозниот нуклеарен инцидент во историјата на Јапонија, тројното топење на електраната „Фукушима Даичи“ во 2011 година, откако ја погоди цунами.
Компанијата „Шикоку“ најави жалба против одлуката на високиот суд.
Од 33 нуклеарни реактори во Јапонија, во моментов работат само шест.