Законот за поништување на лустрацијата се по извесно е дека ќе го чека новиот парламентарен состав

Станува извесно дека законот за поништување на лустрацијата ќе го чека новиот парламентарен состав.

 Откако ДУИ и денеска излегоа со став дека овој предлог закон треба да оди во пакет со законот за рехабилитација на жртвите од претходниот режим, за што очекуваат широка политичка дебата

Исмаили и пратеникот на ДПТ кои се дел од владината коалиција вчера не го обезбедија кворумот на комисијата за политички систем, со што  законот предложен од Владата, не стигна ниту на дневниот ред. Оттука додека не се обезбеди кворумот ниту претседателот на комисијата Александар Кирацовски нема да ја свикува .

Освен за овој закон, СДСМ и ДУИ се разидоа и околу измените на Изборниот законик кога поднесоа 5000 амандмани против една изборна единица.

ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјаснија дека ќе го блокираат Законот за поништување  на лустрацијата, кој предвидува и обесштетување  на лустрираните.

За нив со поништување  а лустрацијата се прави аболиција на кодошите, СДСМ пак смета дека претходната власт нарачувала лустрациски процеси и затоа е против нејзиното поништување.

Затворени училишта и попречен сообраќај поради обилни врнежи од снег во Техеран

Отежнато е движењето по улиците, попречен е и воздушниот сообраќај, затворени се училишта.

Обилните снежни врнежи ги обелија улиците во Техеран, отежнувајќи им го на жителите секојдневието во градот, известуваат градските власти.

Снегот започнал да паѓа рано наутро и веднаш го попречил движењето во главниот град.

Сите летови или доцнат или се откажани.

Заради обилниот снег затворени се и сите училишта во главниот град и во некои околни подрачја.

Обилниот снег ќе продолжи да паѓа до утре.

Без струја утре дел од Драчево и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците Иван Хаџиниколов (поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ  во населбата Драчево, а од 9 до 15 часот дел од улиците Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини во општина Ѓорче Петров./МИА

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

притисни ентер