Одбележан „Денот без панталони“

Илјадници полуголи патници низ повеќе светски метрополи влегоа во подземните железници само по долна облека за да го одбележат „Денот без пантолони“.

Овој ден почна да се одбележува од 2002 година во Њујорк, а десет години подоцна ова движење се прошири во Германија, Чешка и Велика Британија.

Идејата на „Денот без пантолони“ е едноставна: Патниците кои се качуваат на различни станици мора да се однесуваат како да не се познаваат меѓу себе. Во изминатите години најмасовно беше во Њујорк, каде секоја година се проценува дека учествуваат околу пет илјади луѓе.

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

Видео: Очилата за сонце низ децениите

Очилата за сонце со децении се главен моден детаљ, а бројни познати личности имаат направено одредени модели да станат популарни.

Од кружните рамки кон почетокот на 20. век, преку пилотските очила во 30-те години од минатиот век , до Џеки Кенеди и нејзините огромни очила од 70-те, модата секако се менувала.

Денес, во мода се скоро сите прочуени очила за сонце.

Во ова видео погледнете како модата на очилата за сонце се менувала во последните 100 години.

притисни ентер