Русија развива технологија против опасните комети и метеори

Руската вселенска агенција Роскосмос создава центар за  набљудување на метеори, комети и астероиди за да се осигура дека тие нема да се судрат со Земјата - дури и ако треба да ги разнесат во вселената.

„Како дел од создавање на систем за набљудување и информативна поддршка за безбедноста на вселенските активности во просторот близу Земјата, планираме да го основаме  Рускиот центар за мали небесни тела, чија главна задача ќе биде да ги открие и следи небесните тела кои се приближуваат кон Земјата “, изјави Игор Бакарас, висок функционер во Роскосмос, за руската новинска агенција Спутник.

Се очекува центарот да почне со работа кон средината на 2020 година.

Русија исто така неодамна ги објави плановите за изградба на серија телескопи на Месечината за да ги следи потенцијално опасните вселенски карпи, па се чини веројатно новиот центар ќе има улога во остварувањето на тој план.

Бакарас изјави за „Спутник“ дека руските научници во моментов истражуваат различни начини за уништување или пренасочување на вселенските карпи што се движат кон Земјата, вклучително и преку употреба на сателити, ракетни мотори и соларни едра.

„Во моментов, работата во овие области е ограничена во голема мерка на теоретско истражување и математичко моделирање на разни контрамерки“, рече Бакарас .  Додаде дека истражувањето би можело да биде клучно за зачувување на планетата ако астероид се најде на патека преблиску или во правец кон  Земјата.

Драстична промена: Тања Савиќ стана русокоса

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања.

Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

притисни ентер