Камчева: Јанева ми се закани дека доколку нешто излезе од разговорите ќе се знаело дека сум јас

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева во своето тричасовно сведочење за случајот Рекет кажа дека била изненадена од близината на првообвинетиот Бојан Јовановски со екс обвинителката Катица Јанева. 

Јовановски точно ги знаел сите чекори што ќе се случува во случајот Империја, каде што Камчев е еден од осомничените. На заедничките средби со Боки 13  никогаш не била сама, на нив секогаш присуствувал сега обвинетиот Зоран Милевски. Јовановски, рече таа, честопати кога зборувал на телефон со Јанева ја вклучувал преку звучникот за да ја демонстира својата моќ. Камчева пред судот објасни како биле исплатени  првите 500.000 евра.

„Се договоривме со сопругот да ги исплатиме 500-те илјади евра, зашто, видовме, имаме проблем. Парите ги побарав од сметководителката Мими. Таа од нашите фирмиизвади 350.000 евра, а 150.000 евра требаше да обезбеди Зоран Милевски Кичеец. Парите, 350.000 евра беа во несесер и ги донесе дома мојата свекрва Ратка Камчева, мајката на Орце. Заедно со Кичеец ги однесовме во станот на Јовановски во Орман. Беше таму девојчето што работи, Сергеј Варошлија, јас и Милески. Бојан се шегуваше на несесерот и реагираше што има поситни банкноти.“

На оваа средба, Камчева рече дека била договорена и нова повторно во станот на Бојан Јовановски, но овојпат во присуство на екс специјалната обвинителка Јанева за да се договорат понатамошните чекори за Камчев да излезе и од куќен притвор.

„Со Јанева зборевме за децата. И кажував на која возраст се моите деца, таа ми кажуваше за нејзините. Ми рече дека благодарение на Бојан нејзиниот син се вработил, инаку би требало да оди да работи на брод. Потоа ми рече да ја повлечам гаранцијата од 14 милиони евра, понудена за притворот, наводно била незаконска, и дека по нејзина гаранција ќе биде пуштен, како и што се случи. Јанева се закани дека доколку нешто излезе од разговорите ќе се знаело дека е таа и ќе има уште многу други предмети во кои може да го вмеша мојот сопруг.“

Камчева кажа дека не била дома кога нејзиниот сопруг му ја дал втората транша од милион евра на Бојан Јовановски. За тоа ја информирал Камчев кој и ја покажал спецификацијата и видеоснимките. Камчева раскажа дека за случајот го информиарла тогашниот директор на УБК Николовски потенцирајќи дека и било страв да пријави во институциите заради близината на Боки 13 со високи владини функционери.

„Имавме две средби(со директорот на УБК Николовски) на мое барање. Не се сретнавме во УБК, бидејќи таму работеше Јовче Ременски, вашиот пријател со кој секој ден се слушате, затоа инсистирав средбата да не биде таму, се плашев од него. Тој ми рече дека ќе информира и да имам доверба во обвинителката Вилма Русковска.“

Камчева кажа дека лично Јанева никогаш не и побарала пари, исказ што според одбраната на Јанева е во нивна корист. 

Освен Камчева, сведочеше и благајничката во Орка Холдинг Мирјана Бошковска, овластена за приватните сметки на Камчеви. Таа пред судот рече дека поголема сума на пари извадила во декември лани и во февруари годинава. На прашање на Боки 13  дали била свесна дека е снимана додека ги броеле и ределе парите во торба со Камчев, таа рече дека не знаела за тоа.

Над 3 500 мигранти маршираат кон јужната граница на САД (ВИДЕО)

Повеќе од 3.500 мигранти од Централна Америка кои сакаат да живеат во САД  денеска дојдоа во Гватемала на пат кон јужната американска граница, пренесува Ројтерс.

Мигрантите се движат во таканаречени каравани, големи групи. Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати ги предупреди Мексико и Гватемала да ги спречат мигрантите да стигнат до границата меѓу САД и Мексико.

Мигрантите кои патуваат во мали групи во таканаречени каравани со повеќе од 100 луѓе тврдат дека се среќаваат во Текун Уман, во Гватемала пред да се префрлат во Мексико.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата влада ја следи ситуацијата. Лопез Обрадор не кажа дали Мексико ќе се обиде да ги задржи луѓето јужно од земјата.

Повеќето граѓани на Централна Америка ги напуштаат своите домови поради насилство и сиромаштија и сакаат по секоја цена да стигнат до САД. Под американски притисок, безбедносните сили на Мексико се обидуваат да ги разбијат поголемите групи што се движат кон север и сакаат да ја преминат границата.

Околу 1.000 мигранти пристигнаа во Гватемала овој вторник, при што локалните власти вратија дел од нив на границата со Хондурас за да ја пополнат потребната документација.

„Ние не ги вративме луѓето од Гватемала и сега има околу 3500  од нив кои ја преминаа нашата граница“, изјави Алехандра Мена, портпарол на Институтот за миграција во Гватемала. Најмалку 600 мигранти од Хондурас ја поминаа минатата ноќ во градот Гватемала спиејќи во шатори.

Поранешниот претседател на Гватемала, Џими Моралес се согласи минатиот јули со САД да воведат мерки насочени кон запирање на пристигнувањето на барателите на азил од Хондурас и Ел Салвадор во земјата. Новиот претседател на Гватемала, Алехандро Џаматети рече дека неговиот приоритет е да го преиспита текстот на договорот за мигранти со САД.

Бразилскиот министер за култура во својот говор го цитирал нацистичкиот шеф на пропагандата на Хитлер

Бразилскиот министер за култура е сменет откако цитирал делови од говорот на нацистичкиот шеф на пропагандата Јозеф Гебелс, објави Би-Би-Си.

Министерот за култура Роберто Алвим зборувашл за наградите за култура како за „херојска“ и „национална“ уметност во видеото што го објавил на Твитер.

Во позадина се слушала операта Лохрин од  Ричард Вагнер, омилениот композитор на Хитлер.

Претходно, Алвим рече дека видеото е веќе избришано, и дека  во него имало „реторичка случајност“.

Десничарскиот претседател Жаир Болсонаро го опиша неговиот говор како „несреќен“.

„Повторно потврдувам дека ние ги отфрламе тоталитарните и геноцидните идеологии, како што се нацизмот и комунизмот, и каква било припадност кон нив. Ја изразуваме нашата целосна и неограничена поддршка за еврејската заедница со која сме пријатели и споделуваме многу заеднички вредности“, објави претседателот на Твитер.

„Бразилската уметност ќе биде херојска и национална во наредната деценија, поддржана од силната емотивна приврзаност и длабока поврзана со запалените аспирации на нашиот народ, или нема да вреди ништо“, рекол Алвим во шестминутното видео во кое зборувал за Националните награди за уметност.

Делови од говорот биле идентични со говорот цитиран во книгата „Jозеф Гебелс: биографија“ на германскиот историчар Питер Лонгич, кој напишал неколку трудови за холокаустот.

Гебелс го предводеше Министерството за национално образование и пропаганда, создадено за да го прослави Адолф Хитлер.

Неговите методи вклучуваат цензура во медиумите и контрола на радиостаниците и полињата на култура и уметност.

Маж е убиен пред училиште во Белград – затворени излезите од градот

Вечерва околу 19 часот, во Белград со истрел во главата е убиен 41-годишниот Марко В. пред неговата сопруга и двете деца.

Според Телеграф.рс, непознат маж му се приближил пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и двете деца биле со него во моментот на егзекуцијата.

„Истрагата е во тек на местото на настанот, а полицијата интензивно го бара сторителот на ова дело. За да се изврши пребарување, сите излези од Белград се блокирани и извршена е зголемена контрола врз лицата и возилата“, соопшти белградската полиција.

М. В. е Црногорец роден во Котор. Со години работел како морнар на прекуокеански бродови, пренесува Телеграф.

притисни ентер