Фото: Ова е фабриката во која се склопува првиот Астон Мартин „SUV“

Фабриката во местото Сент Атен во Велс е вториот погон на Атон Мартин, покрај главниот во Гејдон.

И додека Гејдон останува седиште за производство на спортските модели од овој произведувач, во фабриката во Велс почнува да се склопува првиот „SUV“ во историјата на Астон Мартин, моделот „DBX“.

Кога фабриката ќе го достигне својот максимален капацитет во вториот квартал од 2020 година, во неа ќе бидат вработени 600 работници а планирано е подоцна овој број да се зголеми на 750.

Астон Мартин „DBX“ имаше премиера во ноември. Британската автомобилска компанија очекува дека околу 90% од вкупното производство ќе оди за извоз.

Овој автомобил ја добива својата сила од 4.0 литарски „AMG“ мотор со 549 коњски сили.

Тоа е сосема доволно за овој автомобил кој е тежок 2.245 килограми од место до 100км/ч да забрза за 4,5 секунди, додека максималната брзина на овој автомобил е 291км/ч.

Во себе има и 9 степен автоматски менувач кој силата од моторот ја пренесува на сите 4 тркала, а првиот „SUV“ на Астон Мартин е опремен и со активен централен диференцијал како и диференцијал за ограничено проклизување.

Инаку во погонот во Велс се произведува и ограничената серија од електричната верзија на моделот „Rapide E“.

Подготвила свадба од соништата од 29 000 фунти , иако нема младоженец

Рајн Френклин (39) е мајка на четири деца и последните три години ги поминала во планирање на нејзината свадба од 29.000 фунти, пренесува The Sun.

Таа се одлучила за невестински фустан во комбинација на сива, бела и црна боја и внимателно го избрала букетот, како и два фустани: едниот да се носи во текот на денот, а другиот за вечерта.

Единствениот проблем е што Рајн е сама и немала никаков контак со маж веќе две и пол години.

Сепак, тоа не ја спречува да потроши илјадници фунти од нејзината  плата од 12.500 фунти, за нејзиниот голем ден. Таа планира да потроши 29.000 фунти на свадбата, дури и ако тоа значи дека ќе работи прекувремено, за да може да си дозволи се што испланирала.

Значи, штом го најде мажот од соништата, таа е подготвена веднаш да оди пред олтар.

„Само сакам совршена свадба. Целиот мој буџет за венчавката е 29.000 фунти и се надевам дека младоженецот исто така ќе ми помогне да го платам“, вели Рајн.

„Знам дека луѓето мислат дека сум луда, но едноставно сум подготвена“, додава таа.

Рајн објасни: „Јас сум целосно опседната со бракот. Сама сум, немам маж, но кога конечно ќе го најдам, се што треба да направам е да се појавам во црквата“.

Рајн за прв пат била опседната со  свадбата кога имала само 6 години и читала бајки како онаа за Трнорушка.

Кога пораснала, таа започнала да ја планира свадбата и посетила 17 свадбени салони за да го пронајде совршениот, посетила 10 потенцијални места за свадби (на крајот се одлучила за замок од 18 век) и потрошила 2.800 фунти само за тоа.

Таа дури и се состанала со персоналот за детално да ја испланира свадбата.

„Ќе има тост, паштети, коктели, свадбената торта ќе има три спрата. Исто така ќе има колачиња со фотографии од мене и младоженецот“, вели Рајн.

Медениот месец би бил во Дубаи. Поканите за свадба чинат 10 фунти, а Рајн ќе има 50 гости, додека на идниот младоженци му се дозволени да покани само 20.

„Секојпат кога ќе погледнам во свадбената кутија, чувствувам струење на адреналин. Јас сум зависник од свадбата и решена сум да ја направам свадбата од соништата“, продолжува таа.

Инспирацијата за венчавки ја добила од војвотките на Британија, Кејт и Меган, а втората свадба дефинитивно станала нејзин идол.

За жал, за разлика од Меган, Рајн се уште не може да си го најде партнерот.

Научниците потврдија : Удар на астероид е причина за изумирање на диносаурусите (ФОТО)

Причината за исчезнувањето на диносаурусите од лицето на Земјата пред 66 милиони години веќе долго време е нејасна, но група научници сега веруваат дека имаат конечен одговор на ова прашање.

Најпрво се дискутираше за идејата дека истребувањето на диносаурусите е причинето од огромна вулканска активност во праисторијата. Проф. Пол Вилсон за Би-Би-Си изјави дека виновникот е астероид. Тим на проф. Вилсон анализирал седименти на океаните кои покажале дека големите вулкани што избувнале во Индија не ги смениле климатските услови на Земјата до тој степен што ќе предизвикаат истребување на диносаурусите.

Вулканите можат да ослободат огромни количини на гасови во атмосферата што можат да ја разладат и затоплат планетата во исто време.

Студирајќи ја вулканската област во Индија каде стотици илјади кубни километри стопена карпа биле опфатени со површината на земјата во текот на илјадници години, истражувачите откриле дека постои несовпаѓање помеѓу ефектот и времето на вулканската активност.

Проф. Вилсон од универзитетот Саутемптон и неговите колеги од други научни институти од Европа и САД го дупчат океанското дно во Северен Атлантик со цел да стигнат до античкиот кал во кој се сместени микроскопски ситни морски организми наречени Фраминифера. Научниците ги користеле лушпите на овие организми за да дознаат информации за температурните промени што се случиле пред истребување на диносаурусите.

,,Откривме дека влијанието на астероидот се случува во исто време со истребувањето”, изјави проф. Вилсон за БиБиСи.

Виновник за катастрофата бил астероид широк 12 километри, кој што ја погодил Земјата пред 66 милиони години и оставил белег на дното на Мексиканскиот Залив - кратер од 200 километри. Кога ја погодил Земјата, астероидот веднаш предизвикал цунами и огромни пожари, а милијарди тони негови остатоци летале во сите правци.

Научниците неодамна утврдија дека овој астероид удрил во карпа богата со сулфур. Кога испарувал сулфурот и преминал во повисоки слоеви на атмосферата, тоа можело да доведе до брзо и длабоко ладење на климата за краток период, што довело до изумирање на многу растителни и животински видови.

Стресната промена во условите на животната средина, едноставно, не можешеле да ја издржат диносаурусите, за разлика од цицачите кои се искачиле над остатокот организми од синџирот на исхрана.

Индиските слаткари направија најдолга торта на светот (ВИДЕО)

Над 1 500 индиски слаткари го урнаа Гинисовиот рекорд и направија торта долга 6,5 километри.

Стотици индиски слаткари во државата Керала направија најдолга торта на светот, долга 6,5 километри, уривајќи го претходниот рекорд поставен од кинеските слаткари.

Огромната торта од ванила, тешка 27 тони, беше прикажана на неколку илјади маси во градот Трисур.

притисни ентер