Дневен хороскоп за 9.декември 2019 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. декември 2019 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денот е идеален за неврзано дружење со кафенце . Излезете , разговарајте со драги луѓе или со саканата личност.

Кариера

Не е спорно дека вие сте заслужни за успеси , но спорно е колкав е вашиот удел. Можеби тоа ќе се мери.

Здравје и совет

Во право сте што негувате природен изглед.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ве обземат емоции на кои е најдобро да им се препуштите. Вашето срце ќе ви биде јасен патоказ за тоа што треба да се направи.

Кариера

Денот е одличен за секаков вид анализи. Ако има големи отстапувања, ќе ги решавате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ве очекува добра забава со пријателите. Некои меѓу нив или со нивна помош ќе сретнат нова љубов.

Кариера

Ќе бидете сигурни во своите дела и ќе настојувате планот да го изведете до крај, но тоа ќе биде доста напорно. Сметајте на тоа.

Здравје и совет

Внимавајте на провев.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата потреба емотивно дас е изразите ќе биде се посилна , па на партнерот ќе му шепотите нежни зборови.

Кариера

Цврсто го држите кормилото во свои раце и покрај минливите проблеми. ќе успеете да решите помала препрека.

Здравје и совет

Интересни сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе играте на сигурно. Ќе ја однесете саканата личност таму каде што знаете дека има добра забава . Ќе успеете.

Кариера

Ќе се покажете не само како одличен работник , туку и како многу добар советник за секаков вид работа.

Здравје и совет

Одете таму каде штио се чувствувате добро.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Можно е дека ќе изгубите некакви илузии во врска со саканата личност. Тоа ќе биде мал напредок во вашето созревање.

Кариера

И со каква работа да се занимавате , денеска ќе ви оди од рака. Работите ќе се решаваат самите од себе , а вие само ќе ги контролирате.

Здравје и совет

Наспијте се.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Одличен ден за излегувања , забава и нови познанаства. Се што е поврзано со тоа ,ќе ви оди од рака. Придвижете се.

Кариера

Самостојните професии денеска ќе размислуваат за смисолот на она што го работат. Некои одлуки оставете ги за утре кога се ќе биде појасно.

Здравје и совет

Послушајте го својот внатрешен глас.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Едно излегување би можело да се покаже посериозно отколку што сте очекувале. Ќе стане збор за многу важни теми.

Кариера

Работите во кои се бара остроумност и специфични таленти денеска ви се многу добро поставени.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе дојде до отвореност на сите можности кога станува збор за љубовта.

Кариера

Секој ваш потег е исто толку добар , како и на другите колеги. затоа , немојте да мислите дека нешто може да скриете.

Здравје и совет

Прифатете ја реалноста.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе препознавате убавина околу себе и со доблесни намери ќе им пристапувате на лицата кои ви се допаѓаат.

Кариера

Веројатни се подготовки за краток службен пат , каде треба да ви се случат убави нешта.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Поволни љубовни можност ќе се појават и денеска . Излегување, блискост со саканата личност , задоволство и среќа се тука.

Кариера

Службено пшатување или движење во одредени кругови може да биде добро како инспирација за оригинален деловен план. Не се сомневајте во своите идеи,. одлични се.

Здравје и совет

Се се одвива според планот.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска е денот што ветува многу на љубовен план. Се ќе упатува на хармонија, размена на идеи , телепатско разбирање и поврзување.

Кариера

Ќе мора да се позанимавате со еден финансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение.

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш?

За Неготино предвидуваме убави работи во оваа програма, предвидуваме изградба на експресниот пат Кавадарци до Неготино, планираме изградба на обиколница околу Неготино, планираме завршување на гасификацијата и гасификација на ТЕЦ Неготино. 

Планираме можеби за мене најзначајно најдостоинствени цени за лозарите, за откуп на грозјето кои што ќе значат достоинствено и зголемено производство и она што е многу значајно рестартирање на Повардарие доколку не може на друг начин државата да го рестартира, за да се стави крај во откупот на монополот во откупот на грозје и производството на вино, за да ставиме крај на олигархијата која што ве понижува со понижувачките цени кои што ги даваат за откуп на грозје, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 на денешниот митинг во Неготино во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Николоски пред неготинчани рече дека во секоја општина има по неколку криминалци од СДСМ, но неготинчани за жал имаат двајца од најголемите да се токму во Неготино, посочувајќи дека едниот е актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино.

-Постојат многу причини зошто СДСМ и ДУИ ќе се борат до последен ден, пред се заштита на криминалот и корупцијата. Криминалци има од секоја општина од секое место во Македонија, но вие ја имате несреќата двајца од најголемите да се токму од Неготино. Едниот актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино. И кога се прашувате зошто им го дозволуваат ова што им го дозволуваат на ДУИ, единствениот одговор е за да можат да крадат заедно и едните и другите, нема друг одговор освен ова, истакна тој.

Николоски упати прашање до актуелниот директор на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се гради хациенда како неговата, посочувајќи дали истата е платена од тендерите кои неговата сопруга ги има добиено од крими тендерите во РЕК Битола или пак од неговиот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

-Би сакал одовде да го прашам директорот на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се градата хациенди како да е на Холивуд, со која директорска плата директоре се градат хациенди кои што не се видени на ниедно друго место во Македонија, обичен свет не може да ги замисли, а верувајте и подобри бизнисмени не можат да ги замислат. Дали тоа е со платата или можеби од тендерите која што твојта сопруга ги добива преку нејзината фирма во електрани во Македонија, но сега малку подолу во РЕК Битола, праша Николоски.

Николоски нагласи дека деновиве има сознанија за влијание на граѓаните и притисоци, уцени и закани како и нудење за поткуп, укажувајќи дека ќе има одговорност и за ова, но и за тендерите на мазут.

- И слушам деновиве во нелегални активности на обид за влијание врз гласачи на притисоци, на уцени, на закани на нудење на поткуп на гласачи, за тоа се одговора како што ќе се одговара за криминалот и корупцијата во ТЕЦ Неготино, ние баснословната набавка на мазут нема да ти ја заборавиме, ни првата, ни втората. Ние нема да заборавиме како беа штелувани условите за да не може да се пријави никој друг освен оној кој што го доби тендерот, рече Николоски, се наведува во партиското соопштение.

Панди нападнаа чуварка во зоолошка, посетителите врескаат во паника (ВИДЕО)

Чуварка на зоолошката градина во градот Чонгкинг била нападната пред бројните посетители, кои испаничени врескале додека ја гледале драматичната сцена.

Жената влегла во куќиштето и две панди веднаш скокнале врз неа, ја собориле на земја и почнале да ја гризат. На видеото кое кружи по мрежите, можете да се види како се обидува да ги тргне животните од себе и да избегне повреди на нозете, рацете и телото.

Несреќната жена во еден момент успеала некако да стане, а една панда се засолнила на дрво. Друга панда ѝ скокнала одзади и изгледало како да ја гризе за вратот.

Потоа се појавил друг стражар кој и помогнал на колешката да се засолни. Пред животното да го најде својот пат, тие побегнале од заградениот простор, пишува Daily Mail.

Кинеските корисници на социјалните мрежи го коментираа инцидентот, при што еден напиша:

„Се чини дека чуварката била неискусна. Требаше веднаш да побегне, но реши да се обиде да ги спречи“.

Друг додаде: „Нивната сила е неверојатна. За среќа, чуварката на зоолошката градина е добро“.

Врховниот суд на САД е подготвен да ги отфрли наводите на Трамп за имунитет, одлуката по избори

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет.

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет, но судењето на поранешниот американски претседател за обид да ги измени изборните резултати може да се одложи за по изборите, кои што според законот ќе бидат одржани во првиот вторник во ноември.

Како што јави Си-Ен-Ен, Врховниот суд, сепак, не е подготвен да му даде одврзани раце на специјалниот советник Џек Смит за да продолжи со обвинувањата против поранешниот претседател. Усното излагање на аргументите за имунитетот на Трамп од кривично гонење траеше помалку од три часа и заврши вчера, а ќе продолжи на 9 мај.

Наводно, неколку судии се подготвени да прифатат резултат што може да ја загрози можноста судењето на Трамп да се одржи пред изборите во ноември. Врховниот суд на САД се состои од девет судии, од кои тројца беа назначени за време на мандатот на Трамп во Белата куќа.

Конзервативните членови агресивно го испрашуваа адвокатот што го застапуваше специјалниот советник, навидум прифаќајќи го централното прашање што го поттикна Трамп, а тоа е дека идните претседатели, без барем некаков облик на имунитет, на крајот ќе бидат предмет на политички мотивирано гонење.

Голем дел од сослушувањето се фокусираше на тоа дали треба да има разлика помеѓу официјалните дејствија на Трамп во согласност со неговите претседателски должности и неговото приватно однесување. Како ќе одлучи судот, ќе ја одреди правната судбина на Трамп и најверојатно ќе ги одреди правилата за криминално изложување на идните претседатели.

Според сите пресметки, Врховниот суд ќе избегне да донесе јасна одлука за прашањето за имунитетот. Последица на ова ќе биде тоа што ќе им остави способност на пониските судови да дејствуваат, што би можело да ги продолжи случаите на Трамп да траат со месеци. Почетокот на едно од тие судења поврзани со обидот за фалсификување на изборните резултати беше закажано за 4 март, но беше одложено.

Трамп се изјасни за невин по обвиненијата за поништување на изборниот пораз, како и за преостанатите три кривични постапки против него - вклучувајќи го и судењето за фалсификување деловни документи во врска со тајните плаќања на порно актерката Сторми Даниелс.

Во американскиот Врховен суд моментално доминира конзервативно мнозинство од 6:3. Од 2000 година и одлуката на Врховниот суд дека победник на претседателските избори е републиканецот Џорџ Буш помладиот, а не демократот Ал Гор - се толкува дека највисоката судска инстанца во Америка немала толку важна улога што би можела имаат влијание врз претседателската трка.

притисни ентер