Фејсбук ќе овозможи селидба на фотографиите на Гугл

Корисниците кои на Фејсбук имаат драгоцени фотографии и сакаат да имаат целосна контрола над нив, во иднина ќе можа тлесно да ги преселат на Гугл Фотос а подоцна и на други клауд сервиси, пренесува порталот „Seebiz“.

Овој потег на Фејсбук е дел од иницијативата „Дата Трансвер Проект“ во која освен Фејсбук учествуваат и Гугл, Епл, Мајкрософт и Твитер а чија заедничка цел е да им се олесни на корисниците да ги контролираат податоците.

Проектот би требало да ја олесни и миграцијата на податоци помеѓу сите партнерства, давајќи им на корисниците слобода во изборот.

За почеток лесното пренесување на слики од фејсбук на Гугл е активирано од оваа недела за корисниците од Ирска, додека за остатокот од светот оваа можност ќе биде достапна следната година.

Во проектот се вградени сите потребни безбедносни мерки за до податоците да можат да дојдат само исклучителни нивните сопственици и да не дојде до евентуално губење на податоците.

Што се случува со Бритни Спирс?

Контроверзната пејачка Бритни Спирс (38) уште еднаш се најде во центарот на вниманието.Камерије ја уловиле пејачката како излегува од клиника во Лос Анџечес во друштво со телохранител.

Поп принцезата делувала запуштено. Освен неуредната фризура и размачканата шминка, Бритни на себе облекла фармерки, бела маица без градник, отворени сандали и бели спортски чорапи.

Дека со пејачката повторно нешто се случува се загрижени и фановите, откако таа објави видео на Инстаграм како игра во својот дом. На видеото таа имала јака црна шминка околу очите, поради која делувало како да не се измила неколку денови.

Минатата недела таа наполни 38 години, роденденот го прослави во Мајами со своето момче Сам Асгхари.

Бритни веќе 12 години се бори со своите проблеми со менталното здравје. Нејзиниот менаџер во една прилика изјавил дека не е сигурен дали таа некогаш ќе се врати на сцената.

Фото: Кејт Мос позира со голи гради

Кејт Мос на плажа во Мајами позираше топлес и сите ги остави без здив.

Славната манекенка учествува во кампања за еден машки бренд и поради тоа носеше сако и ништо друго под него.

Во еден момент силниот ветар го симнал сакото од нејзе. Но Кејт тоа не ја збунило, таа и понатака во свој стил опуштено шетала и позирала на плажа.

Американецот Чеснут победи и на натпреварот во јадење морски ракчиња

По убедливите победи во јадење хот догови и јајца, американецот Џо Чеснут убедливо победи и во натпреварот во јадење морски ракчиња.

Големата вилица, како што го нарекоа неодамна медиумите, изеде четири и пол килограми коктели од ракчиња за осум минути.

Натпреварот се одржа во Минеаполис, каде тој победи и лани. Чеснут веќе држи неколку рекорди во слични необични категории. Тој пред неколку години изеде 74 хот дога за осум минути, а на друго натпреварување, за осум минути изеде 140 јајца.

притисни ентер