Свекорот на Северина со поддршка: Злосторство е на мајка да и се одземе синот

Во четвртокот нешто по осум часот вечерта, Северина Којиќ во придружба на сопругот Игор го донесе нејзиниот 7,5-годишен син и му го предаде на поранешниот сопруг Милан Поповиќ, како што е решено со судска наредба и привремена мерка.

Веста за конечната пресуда на судијата Теа Голуб и привремената мерка малолетното момче да продолжи да живее со својот татко и повремено да ја гледа мајка си, дури и поретко отколку што е вообичаено во слични парници, не престанува да предизвикува реакции.

Се разбира, нејзиното семејство застана во одбрана на Северина, а познатиот пејач Драган Којиќ-Кеба, татко на Игор Којиќ, беше меѓу првите што остро реагираше.

- Криминал и преседан е да се одземе дете од својата мајка по 7 години. И оваа „војна“ најмногу го повредува детето . Но, кога доволно ќе порасне, тој лесно ќе одлучи на кого и колку време да му посвети ... Малиот Александар ќе го реши тоа и порано и ќе стане Александар Велики ... ја видов и почувствував оваа мудрост во неговите чесни детски очи ... Дај боже, се ќе биде океј... П.С. Благодарност до фановите што ја доставија снимката - напиша Кеба на Инстаграм.

Пријателите и фановите се согласија со него во коментарите, изразувајќи и самите неверување од судската одлука.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер