Српските медиуми објавија приказна за однесувањето на Чолиќ на бензинска пумпа во Јагодина, а поради тоа што го направил , сите вработени с зборуваат за него.
Вработен на бензинската кој го послужил Чолиќ со пиво, вели дека не можел да верува каква личност е тој .
"Инсистираше да седнам со него на маса, да разговараме некое време. Бев збунет, но по неколку минути, благодарение на неговата приказна, се чувствував како да разговарам со обичен човек, а не за жива легенда. Разговаравме за децата, ми раскажа анегдоти од настапите, па дури и за момент, на наше задоволство, запеа “, вели вработениот на пумпата.
Чолиќ во разговорот спомнал дека неговиот помлад син игра фудбал и дека тие се фанови на Црвена звезда. Не сакајќи да навлегува во детали, тој рекол дека благодарение на пријател на Чолиќ, тој успеал да добие билети за целата сезона за себе и за неговиот син.