Избегала од затворот на очувот , откако му родила девет деца (ВИДЕО)

Американка како 11 – годишно девојче била киднапирана од очувот , кој ја однел во Мексико и ја силувал со години , по што му родила девет деца.

Розалин Мек Гинис успеала да избега по скоро дваесет години во заробеништво и откако родила девет деца од нејзиниот очув , кој ја киднапирал. И помогнале неколку странци кои ја забележале во продавница и сфатиле дека нешто не е во ред.

Нејзиниот киднапер, Хенри Пиет, бил уапсен во Мексико во септември 2017 година, една година по бегството на неговата поќерка. Тој е обвинет за киднапирање и се соочува со обвинение за силување. Тој ги негирал сите обвиненија.

МекГинис во неколку телевизиски интервју рече дека Пиет ја киднапирал во 1997 година од училиштето во Оклахома како одмазда кон нејзината мајка, која во тоа време имала намера да го напушти затоа што ја тепал. Ја однел во Мексико, каде по некое време ја принудил да се омажи за него. Таа родила девет деца, кои живееле во валкан шатор.

Жената успеала да избега во 2016 година, со помош на добронамерни странци. Таа со себе ги донела осумте од нејзините девет деца и побарала помош од Амбасадата на САД.

Во шоуто „Д-р Оз“, кое ќе се емитува вечерва, МекГинис открива дека ги однела децата во амбасадата без да им објасни дека бегаат од нивниот татко.

„Тие не знаеја. Не сакав да им ја кажам вистината за нивниот татко додека не избегав од него. Кога дознаа, тие навистина беа шокирани, особено моите постари деца“, рече Мек Гинис.

„Секако, не им кажував. Не сакав да пораснат, знаејќи во која ужасна околина живееле“, објасни таа.

Неделен хороскоп за 16.-23. декември 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од 16-23 декември 2019 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно сеуште нема да го достигнете она што го сакате , но барем не борете се со нешто што нема смисла. Откријте кој е кој, но не реагирајте по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и можност да го направите тоа правилно.

Кариера

Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои работите, во моментот гледаат подалеку од вас или имаат поголемо влијание врз работите. Затоа, поврзете се и не прашувајте премногу.

Здравје и совет

 Одете со самодоверба каде што се чувствувате добро.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Деновите што следат се богати со љубовни искуства што ќе ви бидат пријатни. Оние кои сеуште се сами сигурно треба да се дотераат и да излегуваат меѓу луѓе затоа што навистина се зголемуваат шансите да најдат и доживеат љубов. Оние што се во врска, ќе бидат прилично задоволни.

Кариера

Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете се од себе за да направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе го ценат вашиот напор. Некои можеби веќе го добија заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото. Само продолжете.

 Здравје и совет

Вашата самодоверба ќе се зголеми.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Сега ви се чини дека љубовта е далеку, но другите содржина во животот ви даваат сила за да ја издржите осаменоста или оддалеченоста во личните врски. Така ќе биде целата оваа недела. Ако сè уште сте сами, пронајдете љубовен филм или фантазирајте. Оние во врските треба да бидат толерантни.

Кариера

 Некои ќе бидат изненадени од важноста на работата што им претстои. Може дури и да се исплашат. Сепак, некои знаат дека се дораснати на рпедизвиците. Оваа можност ретко се добива и жално е да ја промашите. Немојте премногу да анализирате.

 Здравје и совет

 Несоница или немир.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Главно,  ќе имате добар поттик кога станува збор за љубовта, но и тогаш ќе правите грешки во чекори. Од вас и од вашата способност да се контролирате себеси ќе зависи успехот во вашиот личен живот. Потрудете се и дајте се од себе . Ќе успеете.

Кариера

Се повеќе ќе бидете заинтересирани за финансии или за нови системи кои можат да ги подобрат приходите во она што го правите. Ќе направите нови планови во овој поглед. Ќе се борите за поддршка од  другите за да ги спроведете во дело или барем да ги започнете. Нешто ќе се придвижи.

Здравје и совет

 Вежбајте гимнастика секој ден.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поголем дел од оваа недела ќе владее опуштеност меѓу вас и вашата сакана личност. Ништо друго нема да биде изнасилено, а деновите спонтано ќе ви донесат можности за љубов. Вашата лична непријатност ќе потекнува од други области на животот, затоа игнорирајте ги.

 Кариера

Вашите достигнувања во работата веројатно ќе бидат мерени. Бидете подготвени на тоа. Некои луѓе ќе ве бараат некоја стара маана или грешка што мислевте дека е заборавена. Не им придавајте важност, затоа што има многу повеќе  добро отколку лошо. Вистината ќе излезе на виделина.

 Здравје и совет

 Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете подготвени за многу љубовни авантури. Оние кои веќе се во подолги врски ќе излезат на некои привлечни места. Вашето време заедно ќе лета и покрај тоа што ќе поминете преку вербални недоразбирања, па сè ќе се одвива добро.

Кариера

 Ако ви се чини дека пред вас има  долг пат, прифатите го тоа со радост, затоа што е добро. Она што е активирано, ќе продолжи да се развива . Од вас зависи дали ќе се прилагодите и ќе се вклопите во целата ситуација колку што можете најдобро.

Здравје и совет

 Прочитајте квалитетна книга.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Деновиве ќе ве следат квалитетни љубовни можности. Користете го тоа за да уживате или да искажете љубов некому. Некои повремено ќе чувствуваат недостаток на привлечност, па со задоволство ќе размислуваат за настани што немаат вистинска основа. Ако ви е досадно, помогнете  му на некого.

Кариера

Најверојатно, ќе бидат иницирани работи поврзани со млади или забава. Некои ќе имаат  решенија за кои се мислело одамна дека се  невозможни. Ќе бидете задоволни од вашите материјални достигнувања, но светот на славните сепак ќе биде предизвик на кој не можете да му одолеете.

Здравје и совет

 Следете ја вашата интуиција.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Деновите што следат повремено ќе ви овозможат да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Сепак, вашата оддалеченост понекогаш ќе го спречи можното зближување. Со поголема отвореност, сè ќе испадне подобро. Од вас зависи дали ќе дадете се од себе.

 Кариера

 Се чувствувате нервозни кога треба да работите со други. Претежно затоа што од нивна страна, не ви изгледа се дека е професионално. Разберете дека не секој е истраен како вас и дека понекогаш треба некому да прогледате низ прсти. Никој на светот не е совршен.

 Здравје и совет

 Намалете ги вашите барања.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас се денови со  добри, но не толку значајни љубовни можности. Користете ги за да градите доверба помеѓу вас и вашиот партнер. Самоконтролата исто така треба да се примени затоа што повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сè.

Кариера

На работното место, често ќе покажувате борбен став , така што нема да ви биде пријатно со колегите. Обидете се да ги погледнете сите смирено и не скокајте на секој предизвик што ви го поставиле. Вашиот напор и упорност може да се применат и  на подискретен начин.

 Здравје и совет

 Гледајте нагоре, не надолу.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Нема да има значителна промена во вашите приватни односи во наредните денови. Сепак, ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, така што многумина со  зборови ќе го надоместат она што им недостасува емотивно. Ќе успеат во тоа.

Кариера

Сакате да работите со луѓе, но сега ги цените пред сè и  работните места што се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со колегите. Ќе ги насочите вашите деловни интереси според тој критериум. Станете пореални.

Здравје и совет

Кој може, нека оди на пливање.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Добрите друштвени околности и интересните настани ќе ве придружуваат во најголем дел од неделата. Затоа, направете се од себе за да обезбедите квалитетен однос со лицето за кое се грижите. Ќе има малку нервоза и недоразбирање, но тие се занемарливи во споредба со добрите влијанија.

Кариера

Ќе бидете во можност да управувате со повеќе предизвикувачки и значајни теми. Некои ќе бидат промовирани или им бидат поставени поголеми задачи. Во финансиски поглед, треба да постигнете добри резултати. Некои ќе потрошат повеќе од планираното.

Здравје и совет

Движете се повеќе на свеж воздух и на сонце.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Притисокот што доаѓа од другите области на животот повремено ќе продолжи да ги нарушува вашите инаку цврсти лични врски. Ако се обидете да објасните нешто, нема да дадете се од себе. Затоа, бидете тивки и едноставно зрачете со љубов.

Кариера

Уметници, спортисти, сите што настапуваат во јавност , како и оние кои работат со млади, ќе добијат одлична можност во својата работа. Некои ќе се сопнуваат и ќе почнат да градат кули во воздух. Можноста е тука, но треба да се  остане на земјата и да се биде реален. Славата е секогаш минлива.

Здравје и совет

Вежбајте ги зглобовите.

Фото. Екс мисица ќе вози рели!!

Убава е како кукла, а вози рели. Поранешната Мис на Полска продолжува да ги воодушевува мажите.

Марселина Завадска во 2011 година ја понела титулата Мис на Полска, во јануари следната година атрактивната Марселина  како возач на камион се појави на релито „Африка Еко рејс“.

Сега 30- годишната убавица планира заедно со уште три члена да учествува на уште едно рели. Марселина ќе биде дел од релито долго 6000 километри кое се вози од Монако, преку Савона во Италија, до Тангер во Мароко и Мавританија па се до Дакар.

„Сакам на сите да им кажам дека на релито ќе учествувам хуманитарно, нема да добијам никаква награда, порача убавата Марселина.

Видео: Бебе проодело само неколку минути по раѓањето?!

Бебе проодело само неколку минути по раѓањето. Докторите биле шокирани од тоа што го гледаат.  

Многу често не може да се види како штотуку родено бебе прави вакви чекори.

Видеото кое се појави на интернет го остави светот во чудо. Имено на социјалните медиуми е објавено несекојдневно видео од Бразил на кое бебе ги прави своите први чекори.

Видеото кое го прегледале повеќе од 80 милиони луѓе го снимила бабицата на породувањето .

Сите присутни на породувањето се счудоневидени од тоа што го гледаат.

Бабица држи штотуку родено бебе кое прави чекори.

притисни ентер