Порше влета во првиот кат на куќа (ВИДЕО)

Во САД пред десетина дена се случи страшна сообраќајна несреќа , предизвикана од огромна брзина во комбинација со алкохол.

Во Њу Џерси, автомобил Порше се заби во кат од зграда. Колку возел бргу, може само да се претпостави. Двајцата патници во автомобилот загинале, а добар дел од куќата во која се заби автомобилот, е уништена.

Возачот изгубил контрола врз возилото, пренесува CBS News. Тој возел со голема брзина и излетал од патот , по што автомобилот бил  катапултиран во воздух.

Автомобилот е целосно уништен и кранот мораше да го одвојува од куќата каде беше речиси целиот забиен.

По ерупцијата на вулканот, Нов Зеланд го стресе силен земјотрес

Неколку часа по смртоносната ерупција на вулканот на новозеландскиот Бел остров, Нов Зеланд го погоди и земјотрес.

Потресот е со јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала, а епицентарот е лоциран на северниот остров.

Засега нема информации за евентуални жртви, ниту за предизвикана материјална штета. Епицентарот на умерениот удар бил на релативно мала длабочина од 25 километри, а регистриран е во близина на местото Гибсорн, на околу 150 километри од вулканот, што вчера имаше силна ерупција. При вулканската ерупција загинаа најмалку пет лица, а исчезнаа и неколку други.

Белиот остров е ненаселен и сите загинати, исчезнати и повредени биле туристи.

Почина големата музичка ѕвезда , пејачката на Роксет, Мери Фредрисон

Во 61 година од животот почина една од најголемите музички ѕвезди на светот во деведесеттите години на минатиот век.

Семејството на славната пејачка Мери Фредриксон  на групата Роксет, денеска ја соопшти неочекуваната вест.

Шведските медиуми објавија дека починала Мери Фредерикс, пејачката на легендарната група Роксет.

-Смртта на Мери Фредриксон ја оплакуваат нејзиниот сопруг Микаел Болиос и нивните две деца, објави шведскиот „Експрес“.

Медиумите го пренесоа и соопштението од нејзиното најтесно семејство.

-Со голема тага мораме да ви соопштиме дека замина еден од најголемите и најсакани  наши уметници, изјавиле нејзините најмили.

Воедно истакнале дека Мери починала вчера на 9 декември.

Во соопштението стои и дека причините за смртта се поврзани со нејзината претходна болест. Познато е дека Мери во 2002 година се лекувала од карцином на мозокот.

Видео: Ќерката на Мадона, Лурдес, симулирала оргија!?

Ќерката на светската музичка ѕвезда Мадона, Лурдес Леон покажа дека јаболкото не паѓа далеку од стеблото. 

Младата Леон неодамна учествувала во еден провокативен перформанс на изложбата Арт Басел во Мајами Бич. Ќерката на Мадона на изложбата учествувала во перформанс во кој се симулирала оргија.

23- годишната ќерка на Мадона и нејзиниот екс партнер Карлос Леон заедно со уште 30 модели учествувала во перформансот „ Love Different 2020“.

Лурдес се појавила меѓу последните за време на танцот и гордо ги покажала влакната под пазувите, пренесе „ Page Six“.

Мадона во едно интервју летово за „Вог“ зборувала за страста на нејзината ќерка Лурдес кон уметноста.

-Лудо е талентирана. Позеленувам од завист што е толку неверојатна во се што работи, изјавила кралицата на попот во интервјуто.

притисни ентер