Фејсбук годинава изгаснал над 5 милијарди лажни профили

Фејсбук објави вчера дека затворила дури 5,4 милијарди лажни профили од својата платформа од почетокот на годинава, над  двојно повеќе од 2,5 милијарди активни корисници.

Исто така, има многу повеќе исклучувања од минатата година, кога Фејсбук затвори 3,3 милијарди лажни профили, објави Си-Ен-Ен.

Речиси сите профили беа изгаснати пред да имаат можност да станат активни корисници. Сепак, Фејсбук признава дека околу 5% од нивните месечни активни корисници се веројатно лажни.

Ова откритие го покажува обемот на предизвикот со кој се соочува овој интернет гигант кога се подготвува за изборната сезона во САД, како и пописот во таа земја следната година.

Аналитичарите и агенциите за надзор очекуваат нов бран на лажни и дезинформативни содржини на социјалните мрежи по организираната руска кампања за влијание врз изборите во САД во 2016 година со лажни реклами и други дезинформации и пропагандни содржини на оваа социјална мрежа.

Фејсбук исто така откри нови протоколи за безбедност и транспарентност кои треба да спречат повторна употреба на влијание како на изборите во 2016 година.

Основачот и извршен директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, во телефонско интервју рече дека овој огромен број на отстранети профили се доказ дека неговата компанија сериозно го сфаќа овој проблем.

„Фактот дека бројките се големи не значи дека има толку многу штетна содржина. Тоа само значи дека ние работиме напорно за да ја идентификуваме оваа содржина и затоа се појавија во толкав поголем број “, рече Цукерберг.

Фејсбук отстрани најголем број лажни профили веднаш на почетокот на годината, 2 милијарди од јануари до март. Во наредните три месеци отстрани 1,5 милијарди, а од јули до септември 1,7 милијарди.

Во својот извештај, Фејсбук исто така откри дека отстраниле 18,5 милиони случаи на детска порнографија  и сексуална експлоатација меѓу април и септември, како и 11,4 милиони случаи на говор на омраза. Според компанијата, Фејсбук започна да го отстранува говорот на омраза проактивно во последните две години, што значи дека повеќе не чека ваквите содржини да бидат пријавени од други корисници, туку ги открива самиот алгоритам.

Зборувајќи пред новинарите, Цукерберг објасни дека алгоритмите на Фејсбук сега се користат за отстранување на штетна содржина и на Инстаграм: продажба на лекови, на оружје, експлоатација на деца, самоубиства и самоповредување, како и терористичка пропаганда.

Лепа Брена и Боба слават 28 години брак

Лепа Брена, една од најпопуларните пејачки на Балканот, слави 28 годи брак со Боба Живоиновиќ.

Пеачката открива дена ниту оваа година нема да има гламурозна прослава.

-Ние тоа го прославуваме многу лесно и едноставно. Сакам сите деца да се со нас, со нивните девојки и сопруги. Отвораме шише шампајн, седиме и се дружиме. Без многу гламур, објаснува Брена.

Балканската дива појаснува и дека цел декември во нејзиниот дом владее празнична атмосфера.

-Декември е месев во кој навистина имаме многу обврски. Особено оние обврски кои луѓето не ги гледаат а тоа е да имате некаква комуникација со своето семејство. Затоа што на нашите деца им се потребни мајките во декември. Моите деца пораснаа па тие мене многу повеќе ми помагаат отколку јас на нив, Многу сум среќна оваа година, затоа што јас и Боба славиме 28 години брак. Славиме годишнина, изјавила Брена.

Популарната пејачка на својот Инстаграм профил објави и снимка од венчавката.

-И така ние 28 години. Не е ништо страшно. Среќна жена. Јас немам друг дом, напиша Брена.

Видео: Што се случува доколку пробате да фотокопирате банкнота од 50 евра

Еден јутјубер направил експеримент за да види што се случува доколку се обиде да фотокопира банкнота во обична фотокопир машина.

Тој користел банкнота од 50 евра, а резултатите се изненадувачки.

По првиот обид за копирање, копијата од банкнотата по себе имала бели линии по цела должина, Тогаш тој одлучил да проба да додаде уште еден предмет за копирање за да види што ќе се случи.

Во третиот обид тој прекрива дел од банкнотата со бела трака и конечно успева да го измами скенерот , но е очигледно дека дел од банкнотата е прекриен.

Фото: Ова е фабриката во која се склопува првиот Астон Мартин „SUV“

Фабриката во местото Сент Атен во Велс е вториот погон на Атон Мартин, покрај главниот во Гејдон.

И додека Гејдон останува седиште за производство на спортските модели од овој произведувач, во фабриката во Велс почнува да се склопува првиот „SUV“ во историјата на Астон Мартин, моделот „DBX“.

Кога фабриката ќе го достигне својот максимален капацитет во вториот квартал од 2020 година, во неа ќе бидат вработени 600 работници а планирано е подоцна овој број да се зголеми на 750.

Астон Мартин „DBX“ имаше премиера во ноември. Британската автомобилска компанија очекува дека околу 90% од вкупното производство ќе оди за извоз.

Овој автомобил ја добива својата сила од 4.0 литарски „AMG“ мотор со 549 коњски сили.

Тоа е сосема доволно за овој автомобил кој е тежок 2.245 килограми од место до 100км/ч да забрза за 4,5 секунди, додека максималната брзина на овој автомобил е 291км/ч.

Во себе има и 9 степен автоматски менувач кој силата од моторот ја пренесува на сите 4 тркала, а првиот „SUV“ на Астон Мартин е опремен и со активен централен диференцијал како и диференцијал за ограничено проклизување.

Инаку во погонот во Велс се произведува и ограничената серија од електричната верзија на моделот „Rapide E“.

притисни ентер